Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

MTG: Осам АД го грабна златото во конкурсот „Одлеанок на годината“ за својот детаљ „Лулка“

10 june 2019

In Bulgarian   In Serbian

 

Следна престижна награда доби Осам АД, дел од бугарскиот индустриски холдинг Метал Технолоџи Групација АД. „Фабриката од Ловеч освои златен медал и диплома во конкурсот „Одлеанок на годината 2018“ за време на годишната конференција „Леење на метали 2019“, која се одржа на 11 април во град Плевен, Бугарија. Ова следно одличие за добро завршената работа е вистинска гордост за нас“, информираа за BalkanEngineer.com од компанијата.

 

 

Конкурсот „Одлеанок на годината“ е организиран од Бугарскиот научно-технички сојуз за машиноградба. Осам АД ја грабна златната награда во категорија Технолошки процес „Леење во песочни форми“ за својот одлеанок „Лулка“. Компанијата, лоцирана во Ловеч, е специјализирана во леење на сиво и нодуларно леано железо во песочни форми. „Деталите произведувани од Осам АД наоѓаат примена во сопирачните системи на брзите возови, во различни видови на железнички плочи, при производството на сите видови фитинзи за цевководи за вода за пиење и отпадни води и противпожарни хидранти, детали за општа машиноградба, тешки товарни возила, земјоделски машини и други“, прецизираа од MTG.

 

Во состав на технолошката група влегуваат уште две леарници – Алуком АД во град Плевен и Центромет АД во град Враца. Бугарската компанија е ориентирана кон извоз, при што ги извезува своите производи на европскиот пазар, а исто така и во Бразилија, Русија, Австралија, Мексико, Нов Зеланд и други.

 

„Нашиот успех е резултат на конкурентна комбинација на етаблиран професионализам и иновации, традиции и ентузијазам“, коментираа од друштвото. MTG се потпира на одржлив тим од веќе докажани специјалисти и млади експерти, нудејќи исклучително широк спектар на можности за развој на кариера.

 

о моментов компанијата бара да вработи:

 - Технолог Механичка обработка.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1404, бул. Блгарија, населба Бокар, зграда 18

Телефон: 00 359 2/818 59 59

E-mail: mtg@mtgbg.comsales@mtgbg.comhr@mtgbg.com

 

Повеќе информации за Метал Технолоџи Групација АД слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: Метал Технолоџи Групација АД

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »