Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

MTG: Имаме за цел врвни позиции во металургијата! Се потпираме на висок квалитет и вреден тим

24 october 2019

In Bulgarian   In Serbian

 

На крајот на летото, комерцијалниот тим на бугарскиот металуршки холдинг Метал Технолоџи Групација АД (MTG) помина низ целодневна обука посветена на валидацијата на високиот квалитет во компанијата. „Обуката имаше за цел да создаде во тимот заедничко разбирање за високите стандарди поставени од клиентите на MTG ширум светот. Високиот квалитет е ставен како врвен приоритет во нашата бизнис филозофија. Веруваме дека патот до постигнување на истиот е преку поттикнување на развојот на нашиот персонал“, соопштија за BalkanEngineer.com од MTG.

 

 

Бугарскиот холдинг е производител на висококвалитетни метални производи, кои се користат во голем број сфери, меѓу кои и енергетика, машиноградба, електроника, автомобилска индустрија, водовод и канализација, хемиска индустрија и други. MTG ја спроведува оваа активност во своите три металуршки фабрики во земјава: Алуком АД, Центромет АД и Осам АД. Во својата повеќе од 20 годишна историја, компанијата успешно се позиционира на меѓународните пазари, извезувајќи во Европа, Русија, Австралија, Нов Зеланд, Мексико, Бразил и други.

 

 

„За да поддржуваме одржлив развој, висококвалитетно производство и одлични стандарди за работа на меѓународно ниво, ние се потпираме на нашиот мотивиран и стручен тим“, изјавија од бугарскиот холдинг. И заедно со проширувањето на партнерската мрежа на MTG, компанијата го зголемува и својот тим. Од бугарската компанија споделија исто така, дека најодговорните и мотивирани млади специјалисти успеваат да се кренат во хиерархијата на организацијата за краток период.

 

Доколку сакате да работите во компанија чии корпоративни вредности вклучуваат потрага по континуиран развој и иновативни пристапи, доколку сте насочени кон првите редови во сферата на металургијата, не двоумете се да го изберете имено MTG. Проверете за слободни работни места сега!

 

 

Адреса: Бугарија, Софија 1404, бул. Блгарија, населба Бокар, зграда 18

Телефон: 00 359 2/818 59 59

E-mail: mtg@mtgbg.comsales@mtgbg.comhr@mtgbg.com

 

Во моментов компанијата бара да вработи:

 - Deputy Production Manager;

 - Леар за центрифугално леење.

 

Повеќе информации за Метал Технолоџи Групација АД слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Метал Технолоџи Групација АД, pixabay.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »