Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

BHTC го менува начинот на кој комуницираме со автомобилот

22 november 2019

In Bulgarian

 

Докажаниот германски производител на електроника за автомобилската индустрија Behr-Hella Thermocontrol (BHTC) учествуваше на престижниот саем IAA 2019 во град Франкфурт, Германија. На него BHTC претстави интерактивна автомобилска конзола со 3D дисплеј, разработена заедно со технолошката компанија Dimenco, која ја користи технологијата „симулирана реалност“. Пронајдокот го менува начинот на кој човекот комуницира со технологијат, објавија од Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ за BalkanEngineer.com.

 

 

Иновацијата ја користи технологијата Lightfield за да им помогне на возачите побрзо да ги видат важните информации, што ќе го подобри нивното искуство за време на возењето. Сигналите ќе се „појавуваат“ визуелно пред самиот дисплеј, со што ќе биде помалку веројатно да бидат игнорирани, што исто така се зголемува безбедноста на користените досега HUD (забелешка на уредникот Head-up Display). Централниот информативен дисплеј од 12,3 инчи (CID) е со исклучително висока резолуција. Конкурентна предност на уредот е неговата патентирана технологија, која овозможува префрлување помеѓу режими 2D и 3D. Таа исто така ги вклучува и најнови достигнувања во сферата на технологијата за следење на очите.

 

„Ние од ВНТС постојано сме во потрага по нови технологии и партнери, кои имаат потенцијал со нас фундаментално да ја менуваат иднината на ентериерот на автомобилите. Нашата соработка со Dimencos и Ultrahaptics го покажа својот резултат - побезбедно патување кое ќе се претвори во уште попријатно и возбудливо доживување“, коментира г-дин Александар Валдејер (Alexander Waldeyer), раководител на „Маркетинг и технолошки скаутинг“ во ВНТС.

 

 

Подеднакво амбициозни и иновативни се технологиите разработувани од висококвалификуваниот тим на бугарската компанија на германскиот производител. Кај нас компанијата е присутна со центар за развој и индустриска база, кои се центар за создавање на голем број иновативни решенија за електроника за системи за климатизација во автомобилскиот сектор.

 

Еве ги тековните слободни работни места:

 

 - Supplier Quality Engineer (SQE);

 - Production Planning and Customer Service Representative;

 - Warehouse Administrator;

 - Procurement Logistics Specialist.

 

Адреса: Бугарија, 2227 Божуриште, Индустриска зона Софија-Божуриште, ул. Рајна Касабова 8

Телефон: +359 2/999 88 41

E-mail: bulgaria@bhtc.com

 

Повеќе информации за Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјалБер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ, BHTC, Инженер.bg

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »