Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Шнајдер Електрик Бугарија со две престижни награди од 6-тото издание на конкурсот Employer Branding Awards

22 may 2023

In Albanian  In Bulgarian

 

Шнајдер Електрик Бугарија, дел од структурата на лидерот во дигиталната трансформација на управување со енергијата и автоматизацијата Schneider Electric, освои две награди на 6-тото издание на Employer Branding Awards на b2b Media - воспоставен конкурс за одговорни работодавачи во Бугарија. Компанијата беше наградена за својот оригинален пристап во областа на градење на бренд на работодавач. Специјалисти од компанијата раскажаа повеќе за наградите од престижниот конкурс.

 

 

Откако минатата година Шнајдер Електрик Бугарија стана „Работодавач на годината“, овој пат компанијата беше наградена за оригиналниот пристап во областа на градење на бренд на работодавач со едно прво и едно трето место во две од категориите на конкурсот. Овогодинешното издание стави акцент на врвните имплементации при примена на успешни стратегии за Employer Branding, оригинални проекти, идеи, кампањи за односи со јавноста, силни иницијативи за човечки ресурси или креативни методи за развој на таленти.

 

Првото место беше доделено во категоријата „Employer Branding Innovation“ за иновативен проект за поддршка на менталното здравје на вработените. „Грижата за здравјето и благосостојбата на секој член од нашиот тим е главен приоритет за нашата компанија“, коментира г-ѓа Елена Ватрачка, директор „Човечки ресурси“ во Шнајдер Електрик Бугарија.

 

Програмата за грижа за менталното здравје на вработените се реализира во партнерство со еден од најголемите светски даватели на такви услуги, ComPsych® Corporation. Тој нуди бесплатни совети, правни и финансиски консултации поврзани со појава на кризи и случаи од лична и професионална природа.

 

 

На овогодинешниот конкурс за работодавачи на b2b Media - Schneider Electric го освои и третото место во категоријата „Education Innovation“ за својот проект „Одржливо образование со Schneider Electric“. „Целта на проектот е да им се овозможи пристап на младите луѓе до дополнително квалитетно образование и практични активности, со цел да ги мотивира и да се развијат нивните професионални компетенции уште во рана фаза. Освен тоа, иницијативата има за цел да ги развие и дигиталните компетенции кај децата и да воспостави одржливи врски помеѓу образовните институции и бизнисот. И со учество на вработените во Schneider Electric како ментори и предавачи во проектот, ние инвестираме во градење на лојалност и чувство на сатисфакција кај членовите на нашиот тим“, објаснија од компанијата.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1715, Бизнис Парк Софија, населба Младост 4, зграда 7Б, 4 кат
Телефон: +359 2 932 9320

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: canva.com, Шнајдер Електрик Бугарија

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »