Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Хидролиа: Индустриското сточарство води до „индустриска“ содржина на азот во почвата

23 june 2024

In Bulgarian  In Romanian  In Serbian

 

Сточарството е наведено како една од гранките со најзначаен отпечаток врз животната средина, вклучително и во однос на генерирањето на отпадни води. А сепак, секторот е од суштинска важност со директно влијание врз современите општества, особено на територијата на Европа, каде релативно мали територии се густо населени. Што ги разликува фармите за животни, кои се практиките за третман на отпадните води и што сочат светските трендови – одговор на овие прашања BalkanEngineer.com побара од инж. Добромир Симидчиев, управител на фирма Хидролиа, која се занима со управување на водни активи во индустријата и е партнер на некои од најголемите сточарски претпријатија.

 

 

„Фармите во кои се одгледуваат свињи, крави и живина оставаат најголем отпечаток на животната средина. На различни места во Европа има голем број на релативно мали и средни фарми во кои, на пример, се одгледуваат по 500, 1000 до 5000 животни. Соодветно на тоа, различни се и пристапите за собирање и третман на отпадните води и отпадот од ѓубрива“, објасни инженер Симидчиев.

 

Принципот на собирање на отпадните води е следен: Животните се одгледуваат во огромни хали, на бетонски решетки, под кои има резервоари/канали/кади со мала количина на вода (водена перница). Отпадот се собира во нив, а тие периодично се испуштаат со гравитација, при што се празнат делумно. Нивното целосно празнење и дезинфекција се врши кога во соодветната зграда нема животни. „Зборувајќи за фарми со меѓу 40.000 и 100.000 животни, фракцијата на ѓубриво може да достигне количина од околу 800 - 1000 кубни метри дневно“, прецизира инженер Симидчиев.

Откако ќе се отстрани од кадите, фракцијата поминува низ процес на сепарација за да се оддели сувата од течната фаза, која може да се користи за ѓубрење во земјоделството.

 

 

Практиката најчесто вклучува анаеробно третирање на фракцијата на ѓубриво во резервоари за метан, каде што се отстранува нејзината енергија, што резултира со добивање на биогас. Тој може да се користи за сопствените енергетски потреби на фармата, вклучително и енергијата за греење во зимската сезона преку когенерација. „Слични инсталации всушност имаат сериозна бизнис вредност при што можат да станат и посебен бизнис. Прво, во резервоарот за метан може да се додадат други органски материи како отпад од храна и растенија. Второ, вака произведениот метан е всушност енергија произведена од биомаса, која до неодамна земјите беа обврзани да ја купуваат по повисоки цени. Со либерализацијата на енергетскиот пазар тоа веќе се промени, но и да се користи биогасот само за сопствени потреби, проектот вреди - инвестицијата има рок на враќање од околу 5-6 години“, објасни инж. Симидчиев.  

 

Адреса: Софија, Бугарија, кв. Полигона, ул. „Михаил Тенев“ бр.6

Телефон: +359 879 900 839

E-mail: office@hydrolia.bg  

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Хидролиа, canva.com  

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »