Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

ТиД Инженеринг: Имаме долгогодишно искуство и бројни успешно реализирани SCADA системи

21 march 2018

In Bulgarian  In Romanian   In Serbian

 

ТиД Инженеринг ДООЕЛ е докажана инженерска компанија која нуди богата палета на услуги во областа на енергетиката, електротехниката, автоматизацијата и електрониката. Една од главните насоки во кои компанијата ја развива својата дејност, е проектирање, имплементација и одржување на автоматизирани SCADA системи во сектор енергетика, информираа за BalkanEngineer.com од ТиД Инженеринг.

 

Од своето основање, дејноста на ТиД Инженеринг е директно вклучена во енергетскиот сектор. „Присуството на морално и физички застарена технолошка база во дел од претпријатијата од секторот и потребата од реконструкција и модернизација на постојната опрема, вклучително и на средствата за автоматизација, ни даде многу добра поле за докажување. До денес можеме да се пофалиме со многу успешно реализирани SCADA системи во некои од најголемите претпријатија во секторот“, изјавија од ТиД Инженеринг.

 

 

Меѓу референтните објекти на ТиД Инженеринг за изградба и пуштање во употреба на SCADA системите во енергетиката се:

 - Телемеханика на станица „Исток“ 110/10/10kV – ЗРУ (затворен дистрибутивен систем), КРУ (комплексен дистрибутивен систем), и ОРУ (отворен дистрибутивен систем) со две операторски станици - Енерго-Про Мрежи АД;

 - Реконструкција на операторска станица за управување на ОРУ (отворен дистрибутивен систем) 110kV станица „Чајка“ - Енерго-Про Мрежи АД;

 - Систем за далечинско управување и далечинска сигнализација на клучна станица „Вршец“ – „ЧЕЗ Електро Бугарија“ ЕАД;

 - Систем за далечинско управување и далечинска сигнализација SCADA на клучна станица „Вароша“ - област Благоевград – „ЧЕЗ Електро Бугарија“ ЕАД;

 - Систем за далечинско управување и далечинска сигнализација на 13 клучни трафостаници во Плевен и регион Плевен - „ЧЕЗ Електро Бугарија“ ЕАД;

 - Изградба на систем за далечинско управување и далечинска сигнализација - SCADA на влечната трафостаница „Честово“ - НК „Железничка инфраструктура“;

 - Систем за контрола, следење, далечинско управување и далечинска сигнализација на главна трафостаница на фабриката Вулкан - Вулкан АД Димитровград, како и многу други.

 

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, град Варна 9010 П.Ф. 243, населба „Изгрв" бр. 865

Телефон: 00 359 52/312 100

Тел./Факс: 00 359 52/312 658

E-mail: office@tid-engineering.bg

 

 

Извор на фото материјал: ТиД Инженеринг ДООЕЛ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »