Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Старт Инженеринг гради системи за вентилација и климатизација за различни видови објекти

13 december 2018

In Bulgarian   In Romanian   In Serbian

 

Старт Инженеринг АД е докажана фирма со водечки пазарни позиции во проектирањето, монтажата и имплементирањето на инсталации за греење, вентилација и климатизација во големи јавни, енергетски и индустриски објекти. „Нашата компанија реализира и пушти во употреба системи за вентилација и климатизација во значајни објекти, како што се Митрополитен Софија, Софарма, Овергаз и голем број престижни хотели, меѓу кои се Хилтон, Радисон, Глорија-Палас и др.“, коментираа за BalkanEngineer.com од Старт Инженеринг.

 

 

Филијала „Греење, вентилација и климатизација“ на Старт Инженеринг располага со свое проектантско биро и се етаблира како коректен партнер кој гарантира сигурно и квалитетно извршување на проектите. Компанијата, исто така располага и со погон за производство на воздушни канали и вентилациони елементи, опремен со машини со високи перформанси. „Компактната организација на производството и високото ниво на квалификации на персоналот кој работи во погонот, обезбедуваат навремена испорака на потребните за објектите воздушни канали и вентилациони елементи“, коментираа од Старт Инженеринг.

 

Во проектантското биро на филијалата се подготвуваат идејни, технички и работни проекти за дел Греење, Вентилација и Климатизација. Структурата на организацијата вклучува и биро за снабдување на опрема за вентилација и климатизација.

 

 

Старт Инженеринг располага и со своја лабораторија за подесување, која е државен овластен орган за контрола од вид С. „После монтажата на инсталациите и по конечното штелување и мерење на нивните параметри, лабораторијата издава сертификати кои се валидни кај институциите, за конечно примопредавање на инсталациите“, коментираа од Старт Инженеринг.

 

Старт Инженеринг – централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1220 ул. "Локомотив" бр. 3

Телефон: 00359 2 936 03 73, 00359 2 931 60 65, 00359 898 690 666

E-mail: office@starteng.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјалСтарт Инженеринг АД, pixabay.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 november 2019Највисоката зграда во Полска е со оптимален хидрауличен баланс. Благодарение на Oventrop

    Импресивна и шармантна, Sky Tower е највисоката зграда во Полска. Сместена е во срцето на град Вроцлав. За оптималниот хидрауличен баланс на системите за одржување на микроклимата во големата зграда се грижат „паметните“ инсталации на Oventrop. Интелигентната интеграција на различни системи, развиени од страна на технолошката компанија, овозможува автоматски да се следат микроклиматските параметри во целата зграда – од приземните простории дури до 51-от кат во облаците.

  • 15 november 2019Мултиинженеринг со нов реализиран проект на транспортер со ротациони маси во Фортекс Нутрасјутикалс

    Бугарската компанија Мултиинженеринг е докажан производител на транспортери и целосни транспортни системи. Тимот на компанијата е горд на се повисокиот квалитет на понудените услуги и успешна соработка со странските партнери. „Затоа сведочи зголемениот број наши клиенти, како во Бугарија, така во странство. Една од нашите неодамнешни реализации е транспортер со ротациони маси за Фортекс Нутрасјутикалс“, соопштија за BalkanEngineer.com од канцеларијата на Мултиинженеринг.

  • 31 october 2019Сенка Рајковиќ од Стам Лтд: Се населив во Бугарија заради љубовта кон креативноста во инженерската работа

    Да се судриш со нов јазик и нови правила, да го изодиш патот на „странец“, да останеш заради стремежот кон креативност во инженерската работа, да го бркаш извршувањето на амбициозните планови и да се усовршуваш секој ден. Ова е авантурата на Сенка Рајковиќ од Ниш, Србија. Во рубриката „Еден работен ден на ...“ денес ќе ви раскажеме кои се предизвиците во секојдневниот живот на архитект по образование и инженер по вокација и како и поминува нејзиниот работен ден во Стам Лтд.

  • 30 october 2019B2N: Да го пречекаме S5 Pro Bundle – најновиот член во семејството на Ultimaker

    Како би можеле видливо да ја зголемите продуктивноста и безбедноста при 3D печатењето? Со Ultimaker S5 Pro Bundle – коментираат од фирма B2N. „3D печатачот на производителот Ultimaker е уникатно производствено решение кое наоѓа одговор на предизвиците на 3D печатењето со користење на проширен спектар на материјали. На овој начин на инженерите и дизајнерите им се дава поголема слобода да се фокусираат на својата работа“, појаснија за BalkanEngineer.com од бугарската компанија.

  • 29 october 2019Индустриски Роботи: Робот или Кобот? Откријте ги разликите!

    Концептот на колоборативните роботи, или накратко наречени „коботи“, се појави во 1995 година како дел од истражувачки проект предводен од фонд на General Motors. Називот доаѓа од можноста на овој вид роботи да работат заедно со луѓе во иста производствена зона. Дотогаш, традиционалниот робот во автомобилската индустрија е задолжително сместуван во изолирана и обезбедена ќелија и работи самостојно. Главната идеја на проектот е да се создадат роботи кои можат да работат безбедно заедно со луѓето. Денес коботите го најдоа своето место не само во разни индустрии, туку и во свеста на луѓето.

  • 28 october 2019Инж. Јорданов од Melexis Бугарија: „Да си Lean инженер, значи постојано да учиш и да се развиваш“

    Што е Lean инженер? Која е мисијата на ова работно место и зошто наоѓањето на најдобрите професионалци за него е приоритет за компаниите ширум светот? BalkanEngineer.com доби одговор на овие прашања од инж. Јордан Јорданов од Melexis Бугарија. „Професијата CI инженер, или Lean инженер, потекнува од луѓе како Хенри Форд, Тајчи Оно и Еиџи Тојода. Тоа се поединци кои констатираат дека има многу загуби во една структура и тие можат да бидат елиминирани за поголема ефикасност на деловните резултати“, наведе тој.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 november 2019Bosch отвори нови канцеларии и лаборатории за 7 милиони евра во Романија

    Германскиот технолошки развивач Bosch отвори нова зграда со канцелариски простор и тест лаборатории кон својата романска фабрика во Трансилванија. Инвестицијата е во вредност од 7 милиони евра. Изградбата на новиот објект Bosch го започна во март 2018 година, а го заврши во септември оваа година. Во канцелариите и лабораториите за тестирање, кои имаат вкупна површина од 5700 метри квадратни, ќе бидат вработени околу 250 лица. Целта на инвестицијата е да се обезбеди простор за нови проекти што ќе придонесат за долгорочен развој на фабриката.

  • 14 november 2019Aero-East-Europe ќе гради фабрика за авиони во Србија

    Во март 2020 година, Aero-East-Europe ќе започне со изградба на нова фабрика за производство на авиони во Јагодина, Централна Србија. Се очекува градежните работи да завршат во период од две години. Објектот ќе биде сместен на земјиште од 1,4 хектари, што компанијата бесплатно го добива од општината. Вкупната површина на фабриката каде ќе се произведуваат лесни авиони со еден мотор ќе биде 5000 метри квадратни. Првично, компанијата ќе вработи 50 лица, а во наредните три години ќе бидат ангажирани дополнителни 100-150 нови вработени.

  • 12 november 2019Швајцарски производител отвора фабрика за 9 милиони евра во Скопје

    Инвеститорот на сензорски решенија Baumer отвори нова фабрика во Технолошката индустриска развојна зона Скопје 1, дозна BalkanEngineer.com од CIJEurope.com. Швајцарската компанија планира да инвестира 9 милиони евра во својот проект, кој ќе биде остварен во три фази. Досега компанијата има инвестирано 4,7 милиони евра во првата фаза, што вклучува изградба на објект од 4.000 метри квадратни, лоциран на парцела од 19.000 метри квадратни со производствена зона од 2500 метри квадратни и канцеларии од 600 метри квадратни.

  • 06 november 2019Виа Експо е организатор на бизнис форум „БЕЗ хаварии“ на 14 и 15 ноември во Бугарија

    „БЕЗ хаварии“ е единствениот од ваков вид бизнис форум во Бугарија, посветен на темата за сигурно функционирање на згради и објекти. Форумот ќе собере на едно место експерти и претставници од различни индустрии кои ќе споделат корисни искуства и ќе се запознаат со иновативни решенија. „БЕЗ хаварии“ ќе вклучува дискусии за непобитните придобивки и потреба од преземање на проактивно дејствување наместо задоцнети и лошо ефикасни реакции во случаи на настанати инциденти.

  • 04 november 2019Производител на градежни материјали отвора две фабрики во Романија

    На 31 октомври 2019 година, официјално почнаа со работа двете нови фабрики на романскиот производител на лакови, бои и градежни материјали Daw Benţa, дозна BalkanEngineer.com од Романија-Insider.com. Претпријатијата произведуваат полистирен и разни лепила. Двете фабрики се наоѓаат во романскиот округ Мурес, Трансилванија. Градежните работи на објектите започнаа во август минатата година. Со својата нова инвестиција од 6,5 милиони евра, Daw Benţa го удвои производствениот капацитет на своите производи со марката Caparol.

  • 30 october 2019Во Србија е отворена нова фабрика за опрема за ладење и вентилација

    Италијанската компанија Refrion отвори врати на новата фабрика за производство на опрема за ладење и вентилација во град Шабац, Западна Србија. Компанијата планира да ангажира околу 45 вработени до крајот на годината, дозна BalkanEngineer.com од CIJEurope.com. Италијанскиот производител веќе има долгогодишно искуство во Шабац, реализирајќи го својот прв проект во 2007 година. Благодарение на добрата локација на српскиот град, опремата што ќе се произведува во новиот објект ќе биде намената за извоз во земјите на Европската унија.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 15 november 2019Huf Group го проширува својот истражувачки центар во Романија

    Германскиот производител на системи за заклучување за автомобилската индустрија Huf Group го преселува и го проширува својот центар за развој во град Темишвар, Романија. Компанијата ќе има 2000 метри квадратни нов канцелариски простор во модерна зграда во рамките на проектот ISHO во градот. Во 2011 година Huf Group отвори центар за истражување и развој во Темишвар, каде разработува и тестира напредни софтверски и хардверски решенија за рачки на автомобилски врати, сензори, електроника и системи за контрола на притисокот во гумите.

  • 13 november 2019Бугарски сервис за опрема за рударство стана партнер на Rolls-Royce

    Геотрејдинг стана единствениот партнер во Бугарија на Rolls-Royce Power Systems за производите и решенијата за рударската индустрија со марката MTU, дозна BalkanEngineer.com од соопштението на компанијата. Веќе неколку години компанијата е системски интегратор на моторите MTU, произведувани од британската компанија. По потпишувањето на договорот, Геотрејдинг ќе може да обезбедува гаранциско и постгаранциско сервисирање, како и одржување на моторите MTU, произведени од филијалата Power Systems на технолошката компанија Rolls-Royce.

  • 07 november 2019Македонија е најдобрата земја за развој на бизнисот во ЈИЕ

    Во најновиот извештај „Doing Business“ на Светска банка, Северна Македонија има највисока позиција од сите држави во Југоисточна Европа (ЈИЕ), дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Земјата е рангирана на 17-то место од 190 светски економии. Северна Македонија се здоби со високата позиција во рангирањето благодарение на олеснетиот процес за издавање на одобренија за градба, како и за извршувањето на договори. Земјата, исто така, може да се пофали со поедноставена пресметка на такси, кои се исто така намалени.

  • 05 november 2019Српска компанија за поправка и одржување на авиони на аукција

    Српското Министерство за економија повторно ја објави на аукција компанијата за поправка и одржување на авиони JAT Tehnika. Почетната цена за купување на компанијата е 10,2 милиони евра. Министерството нуди на продажба 95,4% од JAT Tehnika, која во моментов е во сопственост на државата. На аукцијата можат да учествуваат компании кои работат во областа на поправка и одржување на авиони, со вкупен приход од најмалку 40 милиони евра во 2018 година. Заинтересираните компании треба да поседуваат сертификати за одржување на авиони од типот Bombardier и Embraer.

  • 31 october 2019Романска компанија инвестира 12 милиони евра во производство на акумулатори

    Романскиот производител на акумулатори за автомобили Rombat Bistrita инвестира 12 милиони евра во производствена линија на литиумски батерии, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Објектот ќе има капацитет од 1 милион единици годишно. Производното претпријатие, кое зафаќа површина од 5000 метри кубни на две нивоа, се наоѓа во Букурешт. Компанијата ќе продолжи со производството на оловно- киселински акумулатори, но исто така ќе воведе и литиум-јонски батерии.

  • 29 october 2019Првата делница од „Балкански тек“ официјално беше отворена во Бугарија

    Официјално беше отворено проширувањето на мрежата за пренос на гас по трасата на „Балкански тек“ до компресорска станица „Странџа“ во Бугарија, дозна BalkanEngineer.com. За период од шест месеци во проектот се инвестирани 75 милиони лева. Инвестицијата е целосно остварена од компанијата Булгартрансгаз, а изведувач е Главболгарстрој. Изградената траса од бугарско-турската граница до компресорската станица „Странџа“ е долга 11 километри. Компресорската станица е првата станица за мерење на гас на територијата на Бугарија.

Види ги сите »