Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Повеќето млади специјалисти во Мелексис ја започнале својата кариера со програмата Fresh graduate. Пробај и ти

18 february 2019

In Bulgarian   In Serbian

 

Дел од екипата на високотехнолошката компанија Мелексис Бугарија ДООЕЛ се голем број на млади инженери, како повеќето од нив го започнале својот професионален пат како стажанти во претпријатието. Со троица од нив се сретна тимот на BalkanEngineer.com, за да дознае повеќе за работата, активностите и патот на младите специјалисти во бугарското друштво на меѓународниот лидер во разработката и производството на сензорни системи Melexis.

 

 

Христо – инженер за тестирање, Кристијан – инженер за одржување, и Даниел – виш техничар, ја одбраа меѓународната компанија за своја реализација и ја започнаа својата кариера од најниските позиции, издигајќи се постепено до ценети и авторитетни специјалисти во својата област.

 

„Она што е најпривлечно за мене во работата е разновидноста. За мене најинтересните активности се во производството и во лабораторијата, каде што нема два идентични дена. Јас самиот започнав токму како стажант во програмата Fresh graduate пред 3 години“, раскажа Христо.

 

„Започнав како оператор, а потоа поминав низ позициите техничар, виш техничар и веќе сум инженер за одржување. Според мене, токму тоа постепено искачување во професијата е вистинската формула, бидејќи така имам поглед буквално врз целото производство, го познавам целиот процес на работата на машините“, коментира Кристијан.

 

Секоја година Мелексис ја спроведува својата стажантска иницијатива Fresh graduate. „Фокусот на програмата е насочен кон неодамна дипломираните студенти во сферата на микроелектрониката, телекомуникацијата, автоматиката, мехатрониката и др.“, изјавија од компанијата.

 

За Бугарија, друштвото бара да приклучи кон својот тим специјалисти за следните позиции:

 

 - NOC Engineer;

 - Operator Lead;

 - Technical Lead;

 - Associate Planner;

 - DevOps System Administrator;

 - Production Leader.

 

Адреса: Софија 1138, Горубљане, бул. „Самоковско шосе“ 2

Телефон: 00 359 2/917 48 60; 00 359 2/807 04 00

Е-mailkro@melexis.com

 

Повеќе информации за Мелексис Бугарија ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Инженер.bg

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 23 july 2019Заштеда на енергија и подобрување на климата со ниска инвестиција благодарение на i-Tronic/R-Tronic на Oventrop

    Подобрување на микроклимата во одредена просторија и заштеда на енергија, постигната со ниска инвестиција. Дали е можно? Да, со уредите i-Tronic и R-Tronic на Oventrop. Микроклимата во една просторија се определува од температурата, релативната влажност и содржина на CO2 во воздухот. Микроклимата во една просторија се определува од температурата (°C), релативната влажност (RH, релативна влажност во %) и содржина на CO2 (во ppm, делови на милион) во воздухот.

  • 22 july 2019Погледнете како му поминува еден работен ден на Георги Жеков, инженер-технолог во Либхер-Хаусгерете Марица

    Ако мислите дека секојдневниот живот на инженерите е досаден и „сув“, ние во BalkanEngineer.com сме подготвени да Ве побиеме. Работниот ден на инженерите воопшто, ама воопшто не е лишен од возбуда и инспирација. Ние ви даваме уште еден доказ за ова – имено, инженер Георги Жеков од Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ, чија млада возраст и сè уште скромен работен стаж не се препрека тој да наоѓа задоволство во професијата што ја избрал. Да погледнеме зошто ...

  • 18 june 2019Вени и Ко од MachTech & InnoTech: Разработуваме високопродуктивни магацински машини повеќе од 25 години

    Следното издание на меѓународниот технички форум MachTech & InnoTech е веќе во историјата. Голем број етаблирани компании ги презентираа своите најнови иновации и решенија во помош на индустријата, а веќе петта година по ред меѓу нив беше и бугарската компанија Вени и Ко ДОО. Значи, ако опремата за подигнување на товари е алка од синџирот и на вашата активност, но не сте биле во можност да го посетите нивниот штанд за време на MachTech, денес ќе ви раскажеме, кои беа главните акценти на нивната презентација.

  • 17 june 2019Индустриски Роботи го претстави коботот Elfin5 пред експертскиот аудиториум на MachTech & InnoTech 2019

    Деби за Индустриски Роботи ДООЕЛ на MachTech & InnoTech во 2019 година! За време на своето прво учество на големиот технички форум докажаната бугарска компанија специјализирана во обезбедување на роботизирани решенија го претстави Elfin5, дел од палетата колаборативни роботи на кинескиот производител Han's Robots. „Целта ни е да запознаеме специјалисти од различни сектори на производството со можностите на колаборативите роботи Elfin“, коментира инж. Николај Георгиев.

  • 13 june 2019Хибриден автономен фотоволтаичен систем од Филкаб Солар напојува винарски имот

    Филкаб Солар е докажана бугарска компанија специјализирана за обезбедување на комплетни технички решенија од областа на обновливите извори на енергија и дел од групацијата Филкаб. „Нашите специјалисти имаат големо искуство во инсталирањето на фотоволтаични системи, а уште еден пример за тоа е изградбата на хибриден автономен систем со максимална моќност од 29.9 kWp за напојување на винарски имот во село Горица, општина Поморие, Бугарија“, споделија пред BalkanEngineer.com од МаккаБ ДООЕЛ.

  • 12 june 2019КМТ Сервис: Првиот неинвазивен ултразвучен мерач на проток за криогенски флуиди на Flexim работи до -190 °С

    Што го прави светот на технологијата толку возбудлив? Според наше мислење, тоа е бесконечната можност за откривање на нови и нови факти, начини, процеси. На истото мислење се и специјалистите од КМТ Сервис ДООЕЛ. „Усовршувањето на техниката и се поиновативните технолошки решенија се меѓу причините за прогрес и развој. Затоа сме горди да објавиме дека меѓу производите на нашиот партнер Flexim е првиот неинвазивна ултразвучен мерач на проток за криогенски флуиди Fluxus cryo“, соопштија од КМТ Сервис.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 22 july 2019Во Визбегово, Македонија, беше отворена фабрика за композитни производи

    Компанијата АTS Group ја отвори својата нова фабрика за композитни производи во индустриската зона на Визбегово, Северна Македонија. На настанот за отворање на објектот присуствуваше македонскиот премиер г-дин Зоран Заев, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Инвестицијата изнесува вкупно 3 милиони евра. Производите што ќе бидат произведени во новиот објект ќе бидат наменети за воена и полициска опрема во областа на балистичката заштита и безбедност. ATS Group е модерна приватна фабрика со седиште во град Скопје, Македонија.

  • 17 july 2019Бугарски стартап со награда на Џуниор Ачијвмент Европа

    Bevine, една од најдобрите бугарски студентски стартап компании, си дојде со награда за иновација од трката "Enterprise Challenge" на Џуниор Ачијвмент Европа, што се одржа во Осло. Тимот ја доби наградата „Дигитални иновации“ за 2019 година, дозна BalkanEngineer.com. Bevine е бугарски студентски стартап од Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Младите иноватори разработуваат решение за заштеда до 90% од трошоците за производството на вино, базирано на вештачка интелигенција, бази на податоци, анализи и интернет на работите.

  • 15 july 2019Дачија го зголемува својот годишен производствен капацитет во Романија

    Романскиот производител на автомобили Дачија забележа зголемување на своето производство во првата половина од 2019 година, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Компанијата произвела вкупно 191.776 автомобили во својата фабрика во Миовени, Романија. Поголемиот дел од автомобилите (76%), произведени во фабриката се SUV моделот Duster. Ако компанијата успее да ја одржи оваа стапка на производство во втората половина од 2019 година, фабриката ќе го надмине својот годишен капацитет од 350.000 возила.

  • 10 july 2019Австриски производител на осветлување ја префрла својата фабрика во Србија

    Австрискиот производител на решенија за осветлување Zumtobel планира да го префрли своето производство од Кина во нова фабрика во Ниш, Србија. Една од причините за овој потег се должи на поблиското растојание до клиентите. Во моментов, околу 60% од компонентите за осветлување што Zumtobel ги произведува во Кина се наменети за извоз. Со оглед на долгиот транспортен пат до Европа за компанијата е поповолно и поефикасно да го премести своето производство во Ниш.

  • 08 july 2019Во Македонија ќе започне со работа нова фабрика за производство на стакло

    Во град Тетово, Северна Македонија, се очекува во октомври да започне со работа нова фабрика за производство на стакло. Објектот се наоѓа на површина од 9000 метри квадратни, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Изградбата на фабриката, која се наоѓа во Технолошко-индустриска развојна зона на Тетово, започна кон крајот на 2018 година и треба да биде завршена до крајот на јули годинава. Претстои монтажата на внатрешни инсталации и машини кои треба да се тестираат во септември. Фабриката, која ќе вработи 300 лица, ќе произведува калено и ламинирано стакло.

  • 04 july 2019Бугарија со висок потенцијал за развој на AI секторот

    Извештај на независниот испорачувач на бизнис вести и анализи SeeNews и меѓународната компанија Vangavis покажува дека Бугарија може да стане клучен играч на пазарот на AI (вештачка интелигенција). Ова се должи на добро развиениот IT сектор во земјата. Во моментов, специјалистите во областа на вештачката интелигенција во Бугарија се околу 500, дозна BalkanEngineer.com. Податоците од истражувањето покажуваат дека се поголем број бугарски компании почнуваат да воведуваат технологии базирани на AI.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 23 july 2019Канадска компанија со истражување за ископување на злато во Бугарија

    Канадската компанија за истражување и ископување на минерали Velocity Minerals објави дека добила првични позитивни резултати за својот проект „Обичник“ во Југоисточна Бугарија. Резултатите од истражувањето го потврдуваат присуството на висококвалитетно епитермално злато како и потенцијална златна минерализација во областа „Обичник“ Извадените примероци покажуваат содржина на злато од 1,24 до 7,87 грама на тон. Наоѓалиштето се наоѓа на 29 километри од фабриката на бугарската рударска компанија Горубсо-Карџали, партнер на Velocity Minerals.

  • 18 july 2019Финансиска поддршка за повеќе од 1200 компании од Македонија и регионот

    Заедничката иницијатива на шесте земји од регионот на Западен Балкан „Chamber Investment Forum“ може да обезбеди финансиска поддршка на повеќе од 1.200 мали и средни претпријатија, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Тоа се државите Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Северна Македонија и Црна Гора. Тригодишниот проект има за цел да ја зголеми конкурентноста на економијата во балканскиот регион. На компаниите ќе им се помогне да ги зголемат своите капацитети за производство и извоз, како и да го зајакнат своето присуство на регионалните и светските пазари.

  • 16 july 2019Србија со проект за изградба на 12 термоцентрали на биомаса

    Србија е во процес на спроведување на државен проект за изградба на термоцентрали на биомаса во повеќе градови и општини. Средствата ќе бидат обезбедени од банка KfW. Регионите вклучени во проектот може да очекуваат да се здобијат со инсталации на термоцентрали на биомаса во 2019 и 2020 година. Досега, се избрани изведувачи за изградба на некои од објектите, додека се уште се во тек тендерските процедури и се подготвува проектна документација. Изградбата на една термоцентрала на биомаса ќе чини околу 1,7 милиони евра.

  • 11 july 2019OMV Petrom инвестира 30 милиони евра во експлоатација на гас од Црно Море

    Романската групација OMV Petrom започна нова кампања за дупчење за природен гас во плитките води на Црно Море на периметарот на Истрија. Инвестициониот проект вреди повеќе од 30 милиони евра. Регионот Истрија, кој се наоѓа во плитките води на Црно Море, има повеќе од 30 годишна историја во производството на нафта и гас. Иако депозитите во регионот го достигнаа врвот на производството пред неколку години, користењето на соодветни современи технички решенија треба да и овозможи на OMV да достигне до дополнителни ресурси.

  • 09 july 2019Турција и Бугарија се фаворити за новата фабрика на Volkswagen

    Германскиот производител на автомобили Vоlkѕwаgеn планира да изгради нова фабрика во Источна Европа, дозна BalkanEngineer.com од Money.bg. Неодамна стана познато дека изборот на место е сведен на Бугарија и Турција. Меѓутоа, конечното решение од страна на друштвото се одложува да биде донесено во есен. Инвестицијата се очекува да биде во опсег од над 1,3 милијарди евра. и да отвори повеќе од 5.000 работни места. Во новата фабрика на Volkswagen ќе се произведува познатиот автомобил Passat, како и веројатно модели на сестринската фирма Skoda.

  • 05 july 2019Студија за развој на IT секторот во Република Северна Македонија

    Помеѓу 6 февруари и 6 март 2019 година, македонскиот портал IT.mk спроведе детална студија за состојбата на IT индустријата во земјата. Истражувањето опфаќа илјадници специјалисти од секторот, вклучувајќи програмери, разработувачи, графички дизајнери и професионалци од областа на дигиталниот маркетинг. Студијата на македонскиот портал ги разгледува факторите како што се просечниот приход на IT специјалистите, родот, степенот на образование, добиени сертификати итн. Резултатите од истражувањето покажуваат дека повеќе од половина од IT професионалци се на возраст меѓу 25 и 34 години.

Види ги сите »