In Albanian In English In Bulgarian In Serbian
Megger има долга историја на иновации што е резултат на блиската соработка на компанијата со своите клиенти при решавањето на нивните сегашни и идни технички предизвици. Фирмата е основана во 1889 година, кога британскиот инженер Сидни Евершед го измислил првиот мегаомметар. Таа секогаш била пионер во пронаоѓањето на електрична опрема за тестирање и во почетокот на 1900-ти нејзините инженери го создаваат AVO. Тоа е првиот аналоген мултиметар за тестирање на струја (A), напон (V) и отпор (O), од каде потекнува името на компанијата AVO International. Уште во овие рани години, Megger успева да се адаптира на променливите технологии и индустриски барања со многу пронајдоци и патенти.
Денес, Megger проектира и произведува повеќе од 300 видови инструменти за електротехнички тестови и придружен софтвер за тестирање на широк опсег на електротехничка опрема. Уредите од брендот Megger се одликуваат со многу дополнителни функции за безбедност и заштита на корисниците и опремата што се тестира, обезбедувајќи безбедно исклучување во случај на неправилна употреба. Во инструментите се користат екрани на допир, интуитивни совети и автоматизирани процедури кои го прават тестирањето лесно и брзо.
Компанијата постојано ја проширува палетата на примени што ги поддржува преку стекнување на нови компании. Тоа се Progamma, Шведска, во 2005 година за тестирање на трансформатори и заштита, SebaKMT, Германија, во 2012 година за локализирање и дијагноза на кабелски дефекти, Baker Instruments, САД, во 2018 година за тестирање на мотори и генератори и Power Diagnostics, Германија, во 2019 година за тестирање на парцијални празнења.
Тимот на Megger е свесен дека инструментите за тестирање на електрична опрема се користат во тешки работни услови, така што сите нејзини производи се со висок степен на заштита IP и се одликуваат со куќишта со висока јачина. Широкиот асортиман на опрема за тестирање на Megger е исклучително погодна за решавање на предизвици што често се среќаваат во индустриски средини, вклучително:
- Тестирање на изолација од низок до висок напон, AC и DC;
- Тестирање на мотори и генератори во работен и неработен режим;
- Тестирање на кабелски дефекти и дијагностика;
- Тестирање на инструменти и енергетски трансформатори;
- Тестирање на заштити, релеи и прекинувачи;
- Откривање и мониторинг на протекување вода.
Megger е водечки светски производител на инструменти со докажани технологии за мерење и тестирање. Компанијата нуди широко портфолио на производи што вклучува решенија за тестирање на преносот на електрична енергија од електраната до штекерот. Тестери за изолација, микроомметри и мултиметри се меѓу долгата редица на пронајдоци на Megger, што ја прави една од пионерите во електротехничката индустрија.
„Ние во Мегер стоиме на располагање да ви помогнеме, корисниците, при изборот на опрема за тестирање и ќе ви обезбедиме техничка поддршка за време на нејзиното работење“, информираа од компанијата.
Megger инструменти за тестирање наменети за индустриска примена вклучуваат:
- Мултифункционални тестери и додатоци, серија MFT;
- EV адаптери;
- Тестери за изолација и континуитет на колото, серија MIT;
- Преносни тестери;
- Струјни клешти за мерење на отпорот на заземјување;
- Тестери за ротациони машини/мотори;
- Микроомметри;
- Дигитални мултиметри TRMS;
- Рефлектометри за испитување на кабелски дефекти и мерење на должината на кабли;
- Индикатори за напон;
- Биполарни тестери;
- Електрични тестери;
- Ампер клешти;
- Примена Megger Link App;
- Фотоволтаични комплети;
- Тестери за мерење на моќност;
- Анализатор за квалитетот на електричната енергија;
- Термо камери;
- Индикатори за последователност на фазите.
Адреса: Бугарија, Софија, бул. „Ситнаково“ 35
Телефон: +359 943 4803; +359 2 846 8294; +359 887 783 514
Е-mail: alexander.georgiev@megger.com; megger.bg@megger.com; info.bg@megger
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Мегер Бугарија, Megger