Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Либхер-Хаусгерете Марица (Бугарија): „Откријте го вашиот потенцијал кај нас“

21 november 2019

In Bulgarian   In Serbian

 

Работните места за кои во моментов бараме нови пополнувања се во областите машиноградба, индустриски менаџмент, термотехника. Во фабриката, исто така, имаме нова единица за развојна активност во областа на електрониката во нашите производи. Во неа работат специјалисти кои се занимаваат со вградени системи, тестирања на софтвер, кориснички интерфејси и системски инженери“, споделија пред тимот на BalkanEngineer.com од подружницата на докажаниот германски концерн Liebherr.

 

Програмата за стажирање во Либхер-Хаусгерете Марица е целогодишна

 

Програмата за стажирање обично е со траење од 3 до 6 месеци, со полно работно време, со договор за вработување. Студените добиваат личен доход и можност да учествуваат во реални работни процеси, како и да се запознаат со целокупната активност на фабриката. Условите на кои кандидатите треба да одговараат се да бидат во 2-та, 3-та или 4-та година на додипломски или магистерски студии, да имаат добра теоретска подготовка и мотивација за работа.

 

Посебни можности за одличниците

 

Со цел да се промовира професионалниот развој на младите, Либхер-Хаусгерете Марица развива и целогодишна програма за стипендии во одделите „Производствена техника“, „Конструктивен“ и Лабораторија „Развојна активност“. Стипендистите треба да бидат на редовна форма на студирање и нивниот успех да биде барем „Многу добар“. „Во рамките на програмата студентите добиваат месечна стипендија до крајот на нивните студии, поминуваат платен стаж и обука за германски јазик. По завршувањето на образованието, тие добиваат работно место во компанијата за период од најмалку 3 години“, додадоа од бугарската компанија.

 

Дали сонувате да започнете професионална кариера во докажана организација која ги следи меѓународните стандарди? Ако вашиот одговор е „Да“, тогаш Либхер-Хаусгерете Марица е вистинското место каде што можете да го развивате својот талент во инженерството. Испратете го вашето CV, мотивациско писмо и Уверение од Факултетот на e-mail: Lhm_jobs@liebherr.com.

 

 

За Бугарија, друштвото бара да приклучи кон својот тим специјалисти за следните позиции:

 

 - Специјалист Квалитет (Планирање);

 - Производствен инженер/Tехнолог.

 

Адреса: 4202, Бугарија, Радиново, област Пловдив, индустриска зона Марица

Телефон: 00 359 32/615 414

Е-mail: lhm_jobs@liebherr.com

 

Повеќе информации за Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: Инженер.bg

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »