In Albanian In Bulgarian In English In Romanian In Serbian
Индустриското производство на Северна Македонија во месец јуни годинава во однос на јуни минатата година е зголемено за 3,7 отсто, додека во периодот јануари-јуни 2023 година во однос на истиот период лани е забележано зголемување од 1,5 отсто, дозна BalkanEngineer.com. од Sitel.com.mk.
Разгледувано по сектори, индустриското производство во сектор „Рударство и вадење на камен“ во јуни 2023 година во однос на јуни 2022 година бележи опаѓање од 1,6%, додека во секторите „Преработувачка индустрија“ и „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ се набљудува пораст соодветно за 1,4% и 39,9%.
Од Државниот завод за статистика посочуваат дека порастот во сектор „Преработувачка индустрија“ е резултат пред се на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година бележи пораст кај „Енергија“ за 17,7% и кај „Капитални производи“ за 15,6%, додека опаѓање е забележано кај „Интермедијарни производи, освен енергија“ за 1,4 %, „Трајни производи за широка потрошувачка“ за 7,2% и „Нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 1%.
Извор на фотографии: freepik.com