In Albanian In Bulgarian In English In Romanian In Serbian
Околу 600 нови работни места ќе отвори компанијата Avesta Battery and Energy Engineering (AБEE), која ќе инвестира околу 40 милиони евра во Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од Inovativnost.mk. Белгиската компанија ќе гради фабрика за производство на електрични акумулатори за автомобили во ТИРЗ Кичево.
Договорот за реализацијата на инвестицијата беше потпишан во Брисел од директорот на Дирекцијата за технолошки развој на индустриските зони на Северна Македонија Јован Деспотовски и сопственикот и генерален директор на АБЕЕ Нешин Омар. На церемонијата за потпишувањето на договорот присуствуваше и министерот за економија Крешник Бектеши.
Инвестицијата на АБЕЕ ќе се реализира во индустриската зона на Кичево, при што во сите нејзини фази ќе се отворат 600 работни места. Тоа ќе значи намалување на миграцијата и отворањето на нови висококвалификувани и високо платени работни места не само за локалното население, туку и за целата земја.
Од големо значење е персоналот кој ќе биде вработен во кичевската фабрика да помине низ процес на обука за воведување на новите технологии и примената на високотехнолошки работни процеси кои ќе бидат имплементирани во фабриката на АБЕЕ. Просечната бруто плата ќе биде околу 1500 евра.
Извор на фотографии: canva.com