In Bulgarian In English In Romanian In Serbian In Albanian
За да го подобри квалитетот на своето производство, романскиот производител Dacia планира инвестиција од 17 милиони евра за целосна автоматизација на фабриката за бојадисување на автомобили, дозна BalkanEngineer.com од Romania-insider.com. Компанијата бара државна помош во износ од 7,5 милиони евра за поддршка на својот проект.
Очекуваното влегување во производство кон крајот на 2024 година на новиот SUV модел на Dacia – Bigster, врши притисок врз стандардите за квалитет и ја принудува компанијата да инвестира во автоматизација на својата фабрика. Проектот ќе вклучува промена во применетата технологија како и во општиот процес на бојадисување на возилата на Dacia. Модернизацијата на претпријатието ќе вклучува елементи на иновации, чии поединости сè уште не се откриени. Проектот нема да отвори нови работни места, напротив – ќе доведе до технолошки вишок на вработени поради автоматизацијата на процесите.
На почетокот на септември, романскиот производител објави на својата веб-страница дека пушта на пазарот ограничена серија автомобили Logan XX, по повод 20 години од пуштањето во продажба на првата генерација на седан моделот.
Извор на фотографии: ©Matheus Bertelli via Pexels