Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Настан

Романски инвеститор ќе гради фабрика за профилиран лим во Тракија економска зона (ТЕЗ)

29 june 2023

In Albanian  In Bulgarian  In English   In Romanian  In Serbian

 

Романски инвеститор планира да изгради фабрика за производство на профилиран лим во индустриска зона „Раковски“, дел од Тракиската економска зона (ТЕЗ), сместена во близина на Пловдив, Бугарија, дозна BalkanEngineer.com од БТА. Официјалните намери на инвеститорот ги соопшти Мартин Колев, претставник на инвестициската компанија Joris ide (Јорис иде)за време на средбат меѓу компаниите од зоната и претставници на Бугарско-романската стопанска и индустриска комора, која се одржа во TEZ Event Center.

 

 

Во 2021 година, Joris ide одлучи да инвестира во изградба на фабрика во Бугарија и да се приклучи на ТЕЗ. Компанијата веќе поседува имот од 20 декари за идната фабрика, која се очекува да започне со работа кон крајот на 2024 година.

 

Вообичаено, најголемиот дел од инвестициите меѓу двете соседни земји се на бугарски компании кои инвестираат во Романија, но во последните две години има интензивирање на обратниот процес, објасни извршниот директор на Бугарско-романската трговско-индустриска комора Елеонора Иванова. Се повеќе романски компании бараат можности да користат магацини во Бугарија, а причина за тоа е тешкото транспортирање  на стока преку бугарско-романската граница.

 

Бугарско-романската трговско-индустриска комора вклучува 100 активни компании и веќе 20 години работи на подобрување на билатералните бизнис односи меѓу земјите. Околу 75 отсто од компаниите членки се бугарски, при што најголем е интересот на компании од прехранбената индустрија.

 

Извор на фотографии: canva.com 

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »