Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Настан

Производителот на еколошки градежни материјали Ecor Global гради нова фабрика во Србија

17 may 2024

In Romanian In Albanian In Bulgarian In Serbian In English

 

Ecor Global, со седиште во САД водечки производител на еколошки градежни материјали е подготвен да ги прошири своите активности со изградбата на втора фабрика во Србија, дозна BalkanEngneer.com од SeeNews.com. Местоположбата на новиот објект е северната општина Нови Бечеј.

 

 

Во неодамнешното соопштение за медиумите, локалната самоуправа на Нови Бечеј потврди дека Ecor Global обезбедила земјиште во индустриската зона на општината за новиот објект. Иако точниот износ на инвестицијата останува необјавен, таа означува значаен чекор напред како за Ecor Global, така и за регионот.

 

Според Дејан Вујовиќ, извршен директор на Ecor Global Србија, претстојната фабрика ќе го надмине капацитетот на постојниот објект на компанијата во Кралево. Дополнително, како дел од почетната развојна фаза, во тек се планови за изградба на центар за собирање на биомаса во Нови Бечеј. Овој потег ја нагласува ангажираноста на Ecor Global за одржливи практики и еколошки производствени процеси.

 

Одлуката на Ecor Global да го прошири своето присуство во Србија се заснова на успешното етаблирање на производителот во земјата. Компанијата ја отвори својата прва фабрика во град Кралево во 2013 година. Оттогаш, Ecor Global прави значителни чекори во унапредувањето на технологиите за рециклирање и производството на иновативни зелени градежни материјали.

 

Со седиште во Сан Диего, Ecor Global е во првите редови на одржливиот развој од своето основање во 2006 година. Заедно со својата активност во Србија, компанијата одржува присуство и во Холандија.

 

Извор фото-материјала: ecorglobal.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »