Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Настан

Бугарската платформа за вештачка интелигенција за размена на знаење Mentessa ќе добие финансирање и поддршка од EIT Digital

03 february 2024

In Albanian  In Bulgarian  In English   In Romanian  In Serbian 

 

Бугарскиот стартап Mentessa ќе добие финансирање и поддршка од EIT Digital – грант кофинансиран од Европската Унија за развојот на иновативен проект во соработка со Raiffeisen-Landesbank Steiermark. Ова го дозна BalkanEngineer.com од Therecursive.com. Износот на финансирањето не се објавува.

 

 

Mentessa е платформа за вештачката интелигенција за надградба на вештини која овозможува споделување на знаење, обука и соработка во хибридни организации. Стартапот со седиште во Минхен е основан во 2019 година од Андреј Андреев и Тина Русева, и двајцата со искуство во технолошкото претприемништво. Денес, Mentessa ја користат повеќе од 5.000 луѓе во различни организации за да најдат ментор, да ја унапредат својата кариера или да го споделат своето искуство. За време на нејзиното создавање, Mentessa беше поддржана од бугарскиот фонд за ризичен капитал Eleven Ventures. 

 

Партнерството со EIT Digital е стратешки потег за Mentessa. Целта на стартапот е да продолжи да работи на создавање на решенија за споделување на знаење. Грантот ќе и обезбеди на Mentessa финансиска поддршка и ресурси за да го забрза развојот на својата технологија во соработка со Raiffeisen-Landesbank Steiermark, при што двете организации ќе се фокусираат на користење на вештачката интелигенција за подобрување на вештините  и зголемување на квалификацијата на работната сила во цела Европа.

 

Извор на фотографии: canva.com 

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 11 february 2025Пумпи MAGNA3 и дигитална платформа на Grundfos ја намалуваат потрошувачката на енергија за 45% во кинеска населба

    Централното греење е широко распространето во кинескиот град Женгжу (Zhengzhou), познат како „Зелениот град“. Во 2017 година тој беше избран од кинеската влада како пилот локација за имплементација на греење од целосно чисти извори на енергија. Додека добива позелени и поразновидни извори кон својот микс на енергија за греење, градот исто така активно истражува нови начини за зголемување на енергетската ефикасност и намалување на јаглеродните емисии од постојните капацитети за централно греење.

  • 11 february 2025Пумпи Wilo и современ систем за управување обезбедуваат рамномерно снабдување со вода за регион во Индија

    Продолжуваме да ги претставуваме проектите кои беа наградени со првите сопствени награди на Wilo Group - Ecolution. Денешната статија не води во државата Мадја Прадеш, Индија, каде што 80% од населението работи во земјоделството. Наградениот од Wilo проект се однесува на изградбата на систем за наводнување со помошта на 7 пумпни станици, опремени со по 36 вертикални турбински пумпи Wilo. Техничкото решение вклучува земање на вода од река Нармада.

  • 10 february 2025Мултивак Бугарија Продакшан: Со пакет од специјални бенефиции, им обезбедуваме на нашите вработени безбедност и комфор

    Во современоата динамична работна осредина, изборот на работодавач не е само прашање на професионални амбиции, туку и на лични вредности. Мултивак Бугарија Продакшан е компанија која активно ја развива својата ангажираност кон благосостојбата и професионалниот развој на своите вработени.

  • 10 february 2025Робот LR-10iA/10 и технологија DCS на FANUC гарантираат сигурна и автоматизирана обработка на инпланти

    Послужувањето на CNC машини – полнење и истоварување – е една од најпопуларните примени на индустриските роботи, што се должат на елиминирањето на трошоците за работна сила и постигнатата поголема продуктивност. Но, како се гарантира безбедноста на вработените во непосредна близина на толку брзи и моќни инсталации во едно оптоварено производство? Употребата на технологијата FANUC Dual Check Safety во водечката светска компанија за медицински технологии Smith+Nephew ги демонстрира придобивките од решението.

  • 05 february 2025Хидролиа: Актуелните ритејл паркови поставуваат одредени предизвици во пречистувањето на отпадните води

    Актуелен и многу силен тренд во изградбата на трговски комплекси забележуваат од компанијата Хидролиа, која е специјализирана во управувањето со водни средства, а имено - се поактивната изградба на така наречените ритејл паркови. Кои се сепак спецификите во однос на канализационите системи на овие објекти? Одговор на ова прашање го дава инж. Добромир Симидчиев, раскажувајќи за еден од најновите проекти во секторот – XOPark Sofia (новото име на Jumbo Plaza Sofia) во Бугарија, кој се рангира меѓу најголемите ритејл концепти во Источна Европа и е инвестиција на Тринити Капитал.

  • 04 february 2025За производство и складирање под контрола, Унисист Инженеринг врши мапирање на температурата и влажноста

    Во многу индустриски сектори, како што се прехранбениот или фармацевтскиот постојат строги барања во однос на температурата и околината за складирање на готовите производи. За таа цел, потребно е овие индустриски претпријатија да потврдат дека условите во нивните магацински бази, ладилни простории, чисти простории, производствени објекти и други, ги исполнуваат прифатените норми и се под постојана температурна контрола. За да им помогне на производствените и логистичките компании, фирма Унисист Инженеринг врши сеопфатно мапирање на температурата и влажноста.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 10 february 2025Медиоланум Инвест инвестира 34,2 милиони евра во потенцијалот за ископ на злато на српскиот рудник Леце

    Српската брокерска компанија Медиоланум Инвест (Mediolanum Invest) официјално ги купи активите на рудникот за злато, олово и цинк Леце, кој се наоѓа во јужниот град Медвеѓе, дозна BalkanEngineer.com. Зделката беше финализирана на јавна лицитација одржано на 27 декември 2024 година, при што куповната цена достигна 4 милијарди српски динари (околу 34,2 милиони евра), според податоци на Агенцијата за надзор на стечајот на Србија. Активите вклучуваат згради, земјиште и опрема за ископ и преработка на метални руди.

  • 06 february 2025United Group инвестира 120 милиони евра во проекти за зелена енергија во Бугарија

    Медиумскиот снабдувач United Group започнува стратешка инвестиција во вредност од 120 милиони евра во Бугарија, која ја вклучува изградбата на три фотонапонски централи и еден ветерен парк, кои ќе обезбедат значителен придонес кон енергетската одржливост на земјата. Се очекува проектите, кои ќе бидат завршени до 2027 година да ги намалат емисиите за 120.000 тони CO2 годишно и да генерираат енергија за 60.000 домаќинства, дозна BalkanEngineer.com од Economy.bg.

  • 04 february 2025Производителот на апарати за домаќинство Haier ја затвора својата фабрика во Романија

    Светскиот лидер за апарати за домаќинство Haier изјави дека ќе ја затвори својата фабрика за фрижидери во Романија. Фабриката во Аричешт Рахтивани, отворена во 2021 година по инвестиција од 70 милиони евра произведуваше фрижидери за брендовите Candy, Hoover и Haier. Оваа вест BalkanEngineer.com ја дозна од Money.bg.

  • 31 january 2025Високобрзински интернет достигнува до руралните реони во Бугарија со инвестиција од 468 милиони лева

    Бугарија започна голема процедура за изградба на дигитална инфраструктура, дозна BalkanEngineer.com од соопштението за печатот на Министерството за транспорт и врски на земјата. Проектот е во вредност од 468,8 милиони лева и е финансиран од Националниот план за обнова и одржливост. Целта е да се совлада дигиталната поделба преку создавање на мрежи со голем капацитет во ретко населени и оддалечени реони, каде што нема интерес од приватни телекомуникациски компании. Ќе бидат изградени не помалку од 700 базни станици.

  • 29 january 2025Подводен далновод ќе ги поврзува Албанија и Италија со поддршката на ОАЕ

    Албанија, Италија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) потпишаа стратешки сојуз за изградба на подводен далновод што ќе ги поврзува Албанија и Италија, дозна BalkanEngineer.com од изјава на премиерот на Италија Џорџија Мелони. Италијанската влада ја објави спогодбата како клучна фаза за развојот на енергетската инфраструктура во регионот. Проектот вклучува изградбата на далновод и големи инвестиции во обновлива енергија на територијата на Албанија. Договорната вредност на проектот се проценува на околу 1 милијарда евра.

  • 27 january 2025BIO4 ќе биде новиот технолошки хаб на Србија со инвестиција од 500 милиони евра

    Србија ќе ја започне изградбата на технолошкиот парк BIO4 во 2025 година. во Белград, дозна BalkanEngineer.com од изјавата на Јелена Беговиќ, министерка за наука, технолошки развој и иновации на Србија. Проектот ќе зафаќа 20 хектари и ќе вклучува осум главни објекти. Во него ќе работат девет научни институти и седум факултети од Универзитетот во Белград. Паркот ќе обезбеди и простор за компании од областите на биомедицината, биотехнологиите и биоинформатиката. Меѓу фирмите кои ќе се сместат во BIO4 се светски лидери како Roche, Takeda, Pfizer, Merck и AstraZeneca.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 11 february 2025Европската банка за обнова и развој финансира 10 нови ритејл паркови во Бугарија

    Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) планира големо партнерство со бугарската компанија Парк Лејн Девелопментс (Park Lane Developments), дел од AG Capital, дозна BalkanEngineer.com од соопштението за печатот на компанијата. Банката и белгискиот инвестициски фонд Mitiska REIM ќе инвестираат 50 милиони евра во фондот MEREP3, насочен кон развој на трговски простор во Централна и Источна Европа, вклучително Бугарија, Полска, Романија, Словачка и Чешка. Во рамките на проектот се планира изградбата на 10 модерни ритејл паркови во Бугарија.

  • 07 february 2025Кинеско-шпански конзорциум гради пловечка фотонапонска централа во Албанија

    Кинеската компанија Sungrow и шпанската компанија Gamma Solutions ќе изградат пловечка фотонапонска централа во Албанија. Проектот доби финансирање од Европската банка за обнова и развој, како и поддршка од албанската влада, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com.

  • 05 february 2025Фармацевтската компанија Реплек од Северна Македонија планира инвестиции од 13 милиони евра до 2027 година

    Производителот на лекови од Северна Македонија Реплек планира да инвестира 13 милиони евра во стратешки проекти до крајот на 2027 година, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Компанијата ќе се фокусира на проширување на производственото портфолио и зајакнување на својата конкурентност на пазарот.

  • 03 february 2025Србија и Обединетите Арапски Емирати здружуваат усилби за развој на роботиката

    Србија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) разговараат за започнување на заедничка програма за роботика базирана на српскиот инженерски потенцијал, дозна BalkanEngineer.com од Money.bg. Се очекува иницијативата да ги стимулира иновациите и да создаде нови можности за српските инженери и технолошкиот сектор.

  • 30 january 2025Северна Македонија ја обновува железничката рута кон Бугарија

    Северна Македонија ја отвори рехабилитираната 30 километарска железничка делница меѓу Куманово и Бељаковце, дозна BalkanEngineer.com од БТА. Делницата е дел од Паневропскиот Коридор VIII, кој ја поврзува земјата со Бугарија. Проектот со вредност над 78 милиони евра е финансиран од Европската унија (ЕУ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и вклучува три нови станици, шест постојки, пет моста и тунел. Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски изјави дека втората делница ќе биде завршена според планираниот рок.

  • 28 january 2025Романската Softbinator реализира ново партнерство во вредност од 3 милиони леи

    Романската компанија Softbinator Technologies склучила договор со фирма од Силиконската долина во вредност од околу 3 милиони романски леи, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Износот е еднаков на околу 620 илјади долари или 600 илјади евра. Компанијата со која Softbinator го потпишала договорот е специјализирана во разработката на решенија за интелигентна локализација на стоки и системи за семејна безбедност но нејзиното име не е јавно објавено. Овој договор е со рок од една година и ќе постои можност за негово продолжување.

Види ги сите »