In Albanian In English In Bulgarian In Serbian In Romanian
Романија и Бугарија ќе работат заедно на изградбата на хидротехничкиот комплекс „Турну Магуреле - Никопол“. Проектот, насочен кон оптимално искористување на хидроенергетскиот потенцијал на река Дунав, ќе се изведува од романската компанија Hidroelectrica заедно со Бугарската Национална електрична компанија (НЕК), дозна BalkanEngineer.com од соопштение на НЕК.
Проектот е вклучен во Списокот на прекуграничните проекти за обновлива енергија на Европската унија, кој треба конечно да биде одобрен и објавен во Службен весник на Европската Унија (ЕУ). Хидротехничкиот комплекс предвидува изградба на две канални хидроелектрични централи според најсовремени технологии, како и резервоар за складирање со голем капацитет.
Изведбата на проектот ја поддржува заедничката ангажираност на Романија и Бугарија за забрзано постигнување на целите на ЕУ во сферата на одржливата енергија и треба да послужи како модел за меѓународна соработка во областа на одржливата инфраструктура. Како дополнителна придобивка од остварувањето на иницијативата, се очекува да биде постигнувањето на патно - транспортна, железничка и енергетска поврзаност, како и подобрени услови за пловност и превенција од поплави.
Проектот е меѓу трите одобрени за цела Европа во 2024 година. Претстои аплицирање за финансирање на физибилити студии до Европската извршна агенција за клима, инфраструктура и животна средина (CINEA).
Извор на фотографии: ©Kurt Bouda via Pixabay