In Albanian In Bulgarian In English In Romanian In Serbian
Компанијата Теламон - Европа го отвори своето ново, второ производствено претпријатие со површина од 2200 метри квадратни, во кое е планирано да се постават два дополнителни центри за кримпирање на кабли. Ова го дозна BalkanEngineer.com од Libertas.mk. Објектот е дел од инвестицискиот план за проширување на Теламон - Европа, подружница на американската корпорација Теламон (Telamon Corporation), со седиште во Индијана, САД.
Во новата производствена база ќе биде монтирана и пуштена во употреба линија за склопување на делови за автомобилската индустрија, која предвидува и отворање на 300 нови работни места. Инвестицијата значи зголемување на производствениот капацитет на Теламон – Европа на 10 милиони производи, планирано до крајот на 2023 година.
Во дополнување на најавената нова линија, која се очекува да профункционира до крајот на месецот, се планира и конфигурацијата на втора производствена линија, која ќе започне со работа најдоцна до септември 2023 година.
Со овај нов производствен објект, компанијата бележи вкупна инвестиција во Северна Македонија од осум милиони евра. Во дополнување на директната финансиска инвестиција, Теламон - Европа годишно во државниот буџет придонесува со повеќе од 400 илјади евра по основ на придонеси и даноци.
Извор на фотографии: canva.com