Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Настан

Бугарската компанија Healthy Bars го проширува своето производство со нова фабрика и се подготвува за влез на пазарите во Сад и

30 september 2024

In Bulgarian In English In Romanian In Serbian In Albanian

 

Бугарската компанија Healthy Bars планира да изгради нова фабрика во Софија. Новото производство ќе отвори 45 работни места и ќе воведе нови производи во палетата на компанијата, дозна BalkanEngineer.com од Economic.bg. Компанијата моментално има производствена база на друга локација во земјава со две производствени линии и 105 вработени. Healthy Bars ги продава своите производи во 46 земји, при што главни пазари се Германија, Холандија, Грција и Скандинавија.

 

 

Планираниот капацитет на новата фабрика е половина милијарда барчиња годишно, а инвестицијата изнесува 30 милиони лева. Healthy Bars произведува производи за приватни марки, при што рецептите и технологиите се нејзина сопственост, и производите се продаваат под различни брендови.

 

Компанијата е основана во 2015 година. На почетокот започнаа со производство на мусли барчиња кои ги има во речиси сите синџири на продавници во Бугарија. По учеството на различни саеми во Европа, таа ја откри можноста за развој во слободниот простор на суровите барчиња, што доведе до значителен успех.

 

Денес, Healthy Bars му придава големо значење на одржливиот развој, вклучително и употребата на соларни панели и системи за пресметување на јаглеродниот отпечаток.

 

 

Извор на фотографии: ©Healthy Bars

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 06 october 2024Сувите ладилници на Hexonic обезбедуваат енергетска ефикасност во управувањето со отпадна топлина во згради

    Во современиот индустриски и трговски сектор, ефикасно управување со отпадната топлина е од клучно значење за одржување на стабилност и енергетска ефикасност во различни процеси. Во врска со ова, сувите ладилници играат суштинска улога, обезбедувајќи економско и еколошки решение за ладење на индустриски системи, центри за податоци, биогасни и термоелектрани, како и системи за климатизација со висока моќност. За да гарантираат долг работен век и минимални трошоци, овие ладилници треба да бидат со висок квалитет и издржливи.

  • 06 october 2024Хамстер Клининг систематизира 8 предности на редовното чистење на воздушните канали во просториите со базени за пливање

    Повеќето љубители на базените за пливање првенствено се загрижени за чистотата и квалитетните карактеристики на водата, бидејќи таа е во директен контакт со нивното тело. Сепак, подеднакво важна за безбедноста на затворените водни објекти за спорт и релаксација е и хигиената на нивните системи за вентилација. Чистотата на воздухот, спречувањето на мувла и непријатни мириси и намалените оперативни трошоци се само дел од предностите што редовното одржување на вентилацијата на внатрешните базени за пливање им ги обезбедува на корисниците и нивните сопственици.

  • 06 october 2024Решението MIXIT на Grundfos го оптимизира системот за греење во историските згради на хотел во Швајцарија

    Историските градби често се претвораат во хотели, кои на своите посетители им овозможуваат неспоредлива атмосфера на автентичност, исполнета со удобност и топлина. Сепак, постарите згради можат да создадат многу предизвици во процесот на модернизација, особено кога станува збор за инсталации во зградите како што се инсталации за греење, вентилација, климатизација, водовод и канализација и електрична енергија. Типичен пример за тоа е хотелот Balsthal во природниот парк Thal, сместен во урбаниот „триаголник“ Базел, Цирих и Берн, Швајцарија. Историскиот ансамбл на згради ги вклучува средновековните куќи „Zum Kreuz“, „Zum Rössli“ и „Kornhaus“.

  • 03 october 2024КМТ Сервиз го претставува TechWorm од Zikmund electronics – ергономски коморен систем за испитување на цевководи

    КМТ Сервиз - докажана компанија која обезбедува опрема за истражување и инспекција на инфраструктурни мрежи, во своето портфолио ги вклучи системите на чешкиот производител Zikmund electronics, наменети за инспекција на водоводи, канали, топлински водови, сондирања и други тешко достапни инсталации и опрема.. Дел од решенијата на брендот е коморниот систем TechWorm, разработен за цевководи од DN50 до DN400 - првенствено за водоводни и канализациони мрежи, но погоден и за други примени, како што се цевки за греење и системи за вентилација. Поединости за TechWorm и неговиот производител Zikmund electronics му беа претставени на BalkanEngineer.com од КМТ Сервиз.

  • 01 october 2024Комуникатор од вид CF800X на Унисист Инженеринг опслужува сигурно како домашни, така и индустриски мерачи на потрошувачка

    Како докажан лидер во разработката на производи за управување, контрола и мониторинг во сферата на дистрибуцијата на гас, докажаната компанија Унисист Инженеринг нуди широк спектар на специјализирани уреди за собирање, обработка и пренос на податоци. Во зависност од мерното средство и потребите на гасната компанија, компанијата обезбедува различни конфигурации и решенија, од кои едно е комуникатор од вид CF800X. „CF800 е уред за собирање податоци од уреди за корекција за волумен на гас кои го пресметуваат волуменот на гасот врз основа на утврдените параметри на температурата, притисокот и способноста за компримирање.

  • 30 september 2024АББ Бугарија повторно ќе покаже целосно автоматизирани решенија за роботизација на производството на MachTech & InnoTech 2024

    Големиот меѓународен саем за машини и технологии во обработката на метали MachTech&InnoTech 2024, кој ќе се одржи од 1 до 4 октомври во Интер Експо Центар (ИЕЦ) - Софија, повторно ќе се претвори во „сцена“ на која стотици компании од Бугарија и странство ќе ја имаат можноста да ги претстават своите брендови. Традиционално, тематското насочување на форумот ќе вклучува: широк спектар на машини, решенија за автоматизација и роботизација, индустриски мрежи и софтвер, 3D печатење, контрола и тестирање на квалитетот, проектирање и развојна активност.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 08 october 2024Холандската компанија NewCold го проширува своето глобално присуство со нов логистички проект во Букурешт, Романија

    Холандската компанија за автоматизирана логистика и логистика на ладниот ланец NewCold официјално навлегува на романскиот пазар откако купи парцела со површина од 9 хектари од белгискиот развивач на логистички имоти Warehouses De Pauw (WDP) за сè уште необјавен износ, дозна BalkanEngineer.com од Seenews.com. Компанијата планира да изгради автоматизиран магацин за стоки во ладилни услови во северниот дел на Букурешт, во близина на обиколницата А0. Се очекува магацинот да започне со работа следната година, при што ќе опслужува клиенти од целиот регион.

  • 06 october 2024КЕМЕТ Електроникс Македонија го намалува јаглеродниот отпечаток со инвестиција во соларна централа за 400 илјади евра

    Компанијата КЕМЕТ Електроникс Македонија инвестирала 400.000 евра во изградба на фотонапонска централа со инсталирана моќност од 609 Kwp, дозна BalkanEngineer.com од emagazin.mk. Оваа централа ќе произведува приближно 750 MWh електрична енергија годишно, заменувајќи околу 10% од вкупната потрошувачка на енергија на компанијата со чиста, обновлива енергија, намалувајќи ги емисиите на јаглерод за 600 тони годишно. Фотонапонскиот систем вклучува 1.100 современи соларни панели распоредени на површина од 4.500 квадратни метри.

  • 03 october 2024Турска компанија започнува со изградба на пречистителна станица за отпадни води во српскиот град Ниш

    Турската инженеринг и градежна компанија Arbiogaz ја започнува изградбата на пречистителна станица за отпадни води во вредност од 53 милиони евра во третиот по големина српски град Ниш, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Пречистителната станица е дел од поголем проект за пречистување на отпадни води во градот, кој ја опфаќа и изградбата на нови 60 километри канализациони колектори со вкупна вредност од 32 милиони евра. Канализационата мрежа ќе биде изградена од српската градежна компанија Јединство.

  • 01 october 2024Албанската компанија 5GX Energy наскоро ќе го заврши својот соларен парк од 10 мегавати во Лушња

    Албанскиот производител на соларни паркови Vega Energy соопшти дека фотонапонската централа со моќност од 10 MW што ја гради во град Лушња по нарачка на локалниот производител на електрична енергија 5GX е блиско до завршување. Информацијата BalkanEngineer.com ја дозна од SeeNews.com. Од Vega Energy изјавија дека завршениот проект ќе му биде предаден на сопственикот во најкраток можен рок, иако точниот датум се уште не е објавен. Компанијата Vega Energy ја започна изградбата на фотонапонската централа во јуни годинава.

  • 28 september 2024Заеднички центар на кинеско-европскиот високобрзински железнички систем започна со работа во Србија

    Во српскиот град Инџија започна со работа заеднички центар на кинеско-европскиот високобрзински железнички систем под името Ѕhаng-dоng, дозна BalkanEngineer.com од Ekapija.com. Ова дополнително ќе ја поддржи соработката меѓу Кина и Србија и ќе ја зајакне стабилноста на меѓународните мрежи на испораки. Причината за изградбата на центарот Ѕhаng-dоng е доаѓањето на првиот кинески воз со суровини за производството на гуми во претпријатие на компанијата Lіnglоng. Ова станува возможно благодарение на изградените брзи железници во Србија, обезбедувајќи нови можности за подобар и брз развој на товарниот и патничкиот железнички транспорт во земјата.

  • 26 september 2024Dacia инвестира 17 милиони евра во автоматизација на својата фабриката за SUV автомобили во Романија

    За да го подобри квалитетот на своето производство, романскиот производител Dacia планира инвестиција од 17 милиони евра за целосна автоматизација на фабриката за бојадисување на автомобили, дозна BalkanEngineer.com од Romania-insider.com. Компанијата бара државна помош во износ од 7,5 милиони евра за поддршка на својот проект. Очекуваното влегување во производство кон крајот на 2024 година на новиот SUV модел на Dacia – Bigster, врши притисок врз стандардите за квалитет и ја принудува компанијата да инвестира во автоматизација на својата фабрика. Проектот ќе вклучува промена во применетата технологија како и во општиот процес на бојадисување на возилата на Dacia.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 07 october 2024Албанската компанија Vega Energy гради соларна електрична централа од 10 MW во Централна Италија

    Албанскиот развивач на соларни паркови Vega Energy инсталираше 17.400 фотонапонски (PV) панели во соларна електрична централа од 10 MW за италијанската енергетска компанија EG Nascita во Централна Италија, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Vega Energy користи фотонапонски модули произведени од меѓународната енергетска компанија Canadian Solar, се посочува во публикација на компанијата на LinkedIn. Според податоци на италијанската бизнис асоцијација Unioncamere, EG Nascita е регистрирана во Милано како друштво со ограничена одговорност.

  • 04 october 2024Со инвестиција од 650 милиони евра, Nokian Tires ја отвори во Романија првата во светот фабрика за гуми со нулта јаглеродни емис

    Финската компанија Nokian Tires ја отвори својата фабрика за автомобилски гуми во Орадеа, Романија, при што претставници на компанијата тврдат дека тоа е првата фабрика за гуми со нулта јаглеродни емисии во светот, дозна Borsa.bg од публикација на романскиот сајт agerpres.ro. Фабриката е реализирана со инвестиција од 650 милиони евра - што е меѓу најголемите инвестиции во Романија во последните години, со 100 милиони евра поддршка од романската држава. „Многу сме среќни да ја отвориме нашата фабрика во Орадеа. Тоа ќе ја зголеми нашата способност да ги послужуваме клиентите во Централна Европа и пошироко и ќе го поддржи нашиот план за зголемување на нашиот промет до 2 милијарди евра.

  • 30 september 2024Бугарската компанија Healthy Bars го проширува своето производство со нова фабрика и се подготвува за влез на пазарите во Сад и

    Бугарската компанија Healthy Bars планира да изгради нова фабрика во Софија. Новото производство ќе отвори 45 работни места и ќе воведе нови производи во палетата на компанијата, дозна BalkanEngineer.com од Economic.bg. Компанијата моментално има производствена база на друга локација во земјава со две производствени линии и 105 вработени. Healthy Bars ги продава своите производи во 46 земји, при што главни пазари се Германија, Холандија, Грција и Скандинавија.

  • 27 september 2024Албанија за прв пат учествуваше на Cassini Hackathon со иновации за одржливост и зелени решенија

    Албанската престолнина Тирана беше за прв пат домаќин на технолошкиот настан Cassini Hackathon помеѓу 13 и 15 септември оваа година, дозна BalkanEngineer.com од Albaniatech.org. Овогодинешното издание на настанот, поддржано од Европската комисија, се одржа во вкупно 10 европски земји. Cassini Hackathon се одржа под наслов „Животна средина и зелена транзиција“, со организатор во Тирана ICTSlab. Тимовите од Албанија кои беа вклучени на натпреварот презентираа широк спектар на проекти, меѓу кои и комбинирање на цемент и мов за намалување на емисиите на јаглерод диоксид, систем за превенција на пожари со помош на машинско учење и платформа за озеленување и охрабрување на употребата на велосипеди.

  • 25 september 2024Седум нови инвестиции ќе ја стимулираат економијата на Северна Македонија во 2024 година

    Се очекува седум нови инвестиции оваа година да ја стимулираат економијата на Северна Македонија, дозна Борса.bg од pari.com.mk. Новите проекти ќе доведат до зголемување на вработеноста и подобрување на животниот стандард, а освен тоа се предвидува проширување на производствените капацитети на веќе етаблираните компании во земјава. Економските податоци за јули и август покажаа раст на индустриското производство, особено на преработувачката индустрија, по падот во претходните месеци. Очекувањата се овој позитивен тренд да продолжи до крајот на годината. Во вториот квартал од 2024 година, БДП порасна за 2,3%, што ги надмина прогнозите на меѓународните финансиски институции и демонстрира знаци на економско обновување.

  • 20 september 2024Србија и Кина потпишаа меморандум за научна и технолошка соработка во областа на зелената енергија

    Српската енергетска компанија NIS потпиша меморандум за научна и технолошка соработка со кинеската компанија Sinopec Petroleum Engineering Corporation, дозна BalkanEngineer.com од SEENews.com. Sinopec Petroleum Engineering Corporation е дел од кинеската државна компанија Sinopec Group, која е најголемиот снабдувач на нафта и петрохемиски производи во Кина. NIS и Sinopec Petroleum Engineering Corporation планираат да соработуваат во области како што се зафаќање, искористување и складирање на јаглерод диоксид, нискојаглеродно производство на водород, како и производство на енергија од геотермални и соларни извори.

Види ги сите »