Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Настан

Алкалоид отвора нови капацитети за производство на таблетирани лекови со инвестиција од 19,4 милиони евра

10 april 2024

In Bulgarian In Albanian In English In Romanian In Serbian

 

 

 

Алкалоид, фармацевтски производител од Северна Македонија, ја проширува својата активност со отворање на нови современи капацитети за производство на лекови во цврста форма, дозна BalkanEnigneer.com од SeeNews.com. Инвестицијата на компанијата изнесува 19,4 милиони евра.

 

 

Новите капацитети, што зафаќаат импресивни 6.200 квадратни метри, претставуваат значаен додаток на инфраструктурата на Алкалоид. Опремени со модерни технологии, зградите се стратешки проектирани да го преземаат производството на различни фармацевтски форми, вклучително таблети, филм-обложени таблети, капсули и двослојни таблети.

 

Оваа иницијатива за проширување има за цел не само да го подобри производствениот капацитет на Алкалоид туку и да го диверзифицира производственото портфолио на компанијата. Со вклучување на поширока палета на фармацевтски форми, производителот се стреми подобро да ги задоволи различните потреби на пациентите и давателите на здравствени услуги, како на локално, така и на глобално ниво.

 

Инвестицијата доаѓа во момент кога Алкалоид бележи стабилен раст и зголемена побарувачка за своите производи. Компанијата работи преку две подружници во Северна Македонија и одржува мрежа од 19 подружници и две претставништва во различни земји, вклучително Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Русија, САД и Обединетото Кралство.

 

Извор на фотографии: seenews.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 13 february 2025GreMa 3D: Заедно со USS ONE Team одржавме настан за да ги запознаеме најмладите со светот на 3D технологиите

    „Благодарение на нашите заеднички усилби со нашите пријатели од USS ONE Team во град Габрово, Бугарија, организиравме настан на кој ги запознавме децата и нивните родители со магијата на 3D печатењето и скенирањето. „Учесниците имаа можност да ѕирнат во светот на современите технологии кои го менуваат начинот на кој создаваме и размислуваме за иднината“, споделија за BalkanEngineer.com од GreMa 3D (Грејт Мастар), докажана инженеринг и трговска компанија со богато портфолио на производи и услуги во областа на 3D технологиите.

  • 12 february 2025BiLight Cloud на Теси – иднината на електричните бојлери со паметни функции и висока енергетска ефикасност

    Фирмата Теси е третиот најголем производител на решенија за топла вода за домаќинствата и греење во Европа. Таа продолжува да ги поставува стандардите во својот сегмент на индустријата. Со пазарното деби на својот најнов електричен бојлер BiLight Cloud, компанијата докажува дека иновациите и високиот квалитет одат рака под рака. По импресивната премиера на MCE – Mostra Convegno Expocomfort, овој иновативен производ е сега достапен за сите потрошувачи кои бараат интелигентни и одржливи решенија за својот дом.

  • 11 february 2025Пумпи MAGNA3 и дигитална платформа на Grundfos ја намалуваат потрошувачката на енергија за 45% во кинеска населба

    Централното греење е широко распространето во кинескиот град Женгжу (Zhengzhou), познат како „Зелениот град“. Во 2017 година тој беше избран од кинеската влада како пилот локација за имплементација на греење од целосно чисти извори на енергија. Додека добива позелени и поразновидни извори кон својот микс на енергија за греење, градот исто така активно истражува нови начини за зголемување на енергетската ефикасност и намалување на јаглеродните емисии од постојните капацитети за централно греење.

  • 11 february 2025Пумпи Wilo и современ систем за управување обезбедуваат рамномерно снабдување со вода за регион во Индија

    Продолжуваме да ги претставуваме проектите кои беа наградени со првите сопствени награди на Wilo Group - Ecolution. Денешната статија не води во државата Мадја Прадеш, Индија, каде што 80% од населението работи во земјоделството. Наградениот од Wilo проект се однесува на изградбата на систем за наводнување со помошта на 7 пумпни станици, опремени со по 36 вертикални турбински пумпи Wilo. Техничкото решение вклучува земање на вода од река Нармада.

  • 10 february 2025Мултивак Бугарија Продакшан: Со пакет од специјални бенефиции, им обезбедуваме на нашите вработени безбедност и комфор

    Во современоата динамична работна осредина, изборот на работодавач не е само прашање на професионални амбиции, туку и на лични вредности. Мултивак Бугарија Продакшан е компанија која активно ја развива својата ангажираност кон благосостојбата и професионалниот развој на своите вработени.

  • 10 february 2025Робот LR-10iA/10 и технологија DCS на FANUC гарантираат сигурна и автоматизирана обработка на инпланти

    Послужувањето на CNC машини – полнење и истоварување – е една од најпопуларните примени на индустриските роботи, што се должат на елиминирањето на трошоците за работна сила и постигнатата поголема продуктивност. Но, како се гарантира безбедноста на вработените во непосредна близина на толку брзи и моќни инсталации во едно оптоварено производство? Употребата на технологијата FANUC Dual Check Safety во водечката светска компанија за медицински технологии Smith+Nephew ги демонстрира придобивките од решението.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 14 february 2025Нов аеродром во близина на Букурешт ќе ги поврзува Бугарија и Романија за 30 минути

    Проектот за новиот аеродром во близина на Букурешт напредува брзо, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на градоначалникот на сектор 4 во романската престолнина Даниел Балца. Прелиминарните физибилити студии за остварувањето на аеродромот „Bucharest-Sud“ се завршени, при што тие укажуваат дека новиот објект ќе биде изграден во рамките на неколку години. Според градоначалникот, местоположбата на аеродромот ќе биде на само 30 минути возење со автомобил од бугарската граница, што го прави исклучително удобен за луѓето што патуваат од и кон Бугарија.

  • 12 february 2025Израелска компанија за аграрни технологии инвестира во енергетски проекти во Албанија

    Израелската компанија за аграрни технологии N2OFF потпиша стратешка спогодба со Solterra Energy за заеднички развој на проекти за обновлива енергија во Албанија, дозна BalkanEngineer.com од соопштение за печатот на компанијата. Според условите на обврзувачкиата спогодба, соработката меѓу двете компании ќе продолжи една година, при што главен фокус ќе биде ставен на сончевата енергија и складирањето на енергија во батерии. Проектите ќе бидат претставени преку локални партнерства.

  • 10 february 2025Медиоланум Инвест инвестира 34,2 милиони евра во потенцијалот за ископ на злато на српскиот рудник Леце

    Српската брокерска компанија Медиоланум Инвест (Mediolanum Invest) официјално ги купи активите на рудникот за злато, олово и цинк Леце, кој се наоѓа во јужниот град Медвеѓе, дозна BalkanEngineer.com. Зделката беше финализирана на јавна лицитација одржано на 27 декември 2024 година, при што куповната цена достигна 4 милијарди српски динари (околу 34,2 милиони евра), според податоци на Агенцијата за надзор на стечајот на Србија. Активите вклучуваат згради, земјиште и опрема за ископ и преработка на метални руди.

  • 06 february 2025United Group инвестира 120 милиони евра во проекти за зелена енергија во Бугарија

    Медиумскиот снабдувач United Group започнува стратешка инвестиција во вредност од 120 милиони евра во Бугарија, која ја вклучува изградбата на три фотонапонски централи и еден ветерен парк, кои ќе обезбедат значителен придонес кон енергетската одржливост на земјата. Се очекува проектите, кои ќе бидат завршени до 2027 година да ги намалат емисиите за 120.000 тони CO2 годишно и да генерираат енергија за 60.000 домаќинства, дозна BalkanEngineer.com од Economy.bg.

  • 04 february 2025Производителот на апарати за домаќинство Haier ја затвора својата фабрика во Романија

    Светскиот лидер за апарати за домаќинство Haier изјави дека ќе ја затвори својата фабрика за фрижидери во Романија. Фабриката во Аричешт Рахтивани, отворена во 2021 година по инвестиција од 70 милиони евра произведуваше фрижидери за брендовите Candy, Hoover и Haier. Оваа вест BalkanEngineer.com ја дозна од Money.bg.

  • 31 january 2025Високобрзински интернет достигнува до руралните реони во Бугарија со инвестиција од 468 милиони лева

    Бугарија започна голема процедура за изградба на дигитална инфраструктура, дозна BalkanEngineer.com од соопштението за печатот на Министерството за транспорт и врски на земјата. Проектот е во вредност од 468,8 милиони лева и е финансиран од Националниот план за обнова и одржливост. Целта е да се совлада дигиталната поделба преку создавање на мрежи со голем капацитет во ретко населени и оддалечени реони, каде што нема интерес од приватни телекомуникациски компании. Ќе бидат изградени не помалку од 700 базни станици.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 13 february 2025Почнува лицитацијата за изградба на делница од Паневропскиот коридор VIII во Северна Македонија

    Јавното претпријатие за државни патишта на Северна Македонија (ЈПДП) започна тендерска постапка за изградба на важна делница од Паневропскиот коридор VIII, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Тендерот се однесува на патната делница меѓу Букојчани и Кичево со должина од 10,7 километри, која ќе биде дел од стратешката транспортна рута што ги поврзува Албанија, Северна Македонија и Бугарија. Проектот ќе вклучува изградбата на автопат со две ленти во секоја насока, како и придружни објекти.

  • 11 february 2025Европската банка за обнова и развој финансира 10 нови ритејл паркови во Бугарија

    Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) планира големо партнерство со бугарската компанија Парк Лејн Девелопментс (Park Lane Developments), дел од AG Capital, дозна BalkanEngineer.com од соопштението за печатот на компанијата. Банката и белгискиот инвестициски фонд Mitiska REIM ќе инвестираат 50 милиони евра во фондот MEREP3, насочен кон развој на трговски простор во Централна и Источна Европа, вклучително Бугарија, Полска, Романија, Словачка и Чешка. Во рамките на проектот се планира изградбата на 10 модерни ритејл паркови во Бугарија.

  • 07 february 2025Кинеско-шпански конзорциум гради пловечка фотонапонска централа во Албанија

    Кинеската компанија Sungrow и шпанската компанија Gamma Solutions ќе изградат пловечка фотонапонска централа во Албанија. Проектот доби финансирање од Европската банка за обнова и развој, како и поддршка од албанската влада, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com.

  • 05 february 2025Фармацевтската компанија Реплек од Северна Македонија планира инвестиции од 13 милиони евра до 2027 година

    Производителот на лекови од Северна Македонија Реплек планира да инвестира 13 милиони евра во стратешки проекти до крајот на 2027 година, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Компанијата ќе се фокусира на проширување на производственото портфолио и зајакнување на својата конкурентност на пазарот.

  • 03 february 2025Србија и Обединетите Арапски Емирати здружуваат усилби за развој на роботиката

    Србија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) разговараат за започнување на заедничка програма за роботика базирана на српскиот инженерски потенцијал, дозна BalkanEngineer.com од Money.bg. Се очекува иницијативата да ги стимулира иновациите и да создаде нови можности за српските инженери и технолошкиот сектор.

  • 30 january 2025Северна Македонија ја обновува железничката рута кон Бугарија

    Северна Македонија ја отвори рехабилитираната 30 километарска железничка делница меѓу Куманово и Бељаковце, дозна BalkanEngineer.com од БТА. Делницата е дел од Паневропскиот Коридор VIII, кој ја поврзува земјата со Бугарија. Проектот со вредност над 78 милиони евра е финансиран од Европската унија (ЕУ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и вклучува три нови станици, шест постојки, пет моста и тунел. Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски изјави дека втората делница ќе биде завршена според планираниот рок.

Види ги сите »