In Albanian In Bulgarian In English In Romanian In Serbian
Албанија ќе обезбеди износ од 3 милиони евра за извршување на програма за поддршка на старт-ап компании преку директно финансирање, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Министерката за претприемништво и деловна клима, Делина Ибрахимај, објави дека почетокот на програмата е определен за 16 февруари 2024 година.
Албанската влада ја одобри одлуката со што го отвори патот за развој на стартап екосистемот во земјата. Новите компании ќе бидат поддржани преку директно финансирање во три фази, при што се очекува од помошта да имаат корист околу 50-80 проекти. Вкупниот фонд предвиден со програмата за 2024 година е 3 милиони евра.
Првата фаза од иницијативата е отворена на 16 февруари и ќе остане отворена 30 дена. Во почетната фаза поддршката достигнува максимум 1,5 милиони леки и секој човек со идеја може да аплицира за неа.
Во втората фаза ќе се поддржат субјекти кои работат на пазарот од 1 година, што значи дека поднеле финансиски извештаи за 1 година и создале прототип што ќе можат да го развијат преку средствата. Во оваа фаза финансиската поддршка достигнува најмногу до 4,5 милиони леки.
Третата фаза предвидува поддршка за субјекти кои веќе имаат развиено прототип за продажба, но сè уште имаат потреба од средства за финансирање на раст или интернационализација. Финансиската поддршка во оваа фаза достигнува 9 милиони леки.
(1 евро = 104 албански леки)
Извор на фотографии: canva.com