In Bulgarian In Romanian In Serbian
Во услови на високо конкурентна пазарна средина, ефикасноста на производството е клучен фактор за успешниот развој на секое претпријатие. „Дел од бугарските претпријатија имаат морално и физички застарена технолошка база, што има негативно влијание врз нивната продуктивност и рентабилност на нивните производни активности. Можно решение во оваа ситуација е реконструкција и модернизација на постојната опрема, вклучувајќи ги и средствата за автоматизација“, коментираа за BalkanEngineer.com од докажаната инженерска фирма ТиД Инженеринг ДООЕЛ.
Фирмата има долгогодишно искуство во реализацијата на слични проекти, нудејќи им на своите клиенти целосен спектар на активности поврзани со модернизацијата на средства за автоматизација. „Имплементацијата на платформа за автоматизација од најнова генерација е опција која носи значајни придобивки за претпријатието и нуди можност за намалување на вкупните производствени трошоци“ категорични се од ТиД Инженеринг.
Волуменот на активности што ги извршува фирмата вклучува: увид на објектот за автоматизација; изработка на техничка задача; изработка на конструкторска документација; програмско обезбедување и SCADA систем; разработка на системи за управување; монтажа и пуштање во работа на објектот, како и изработка на документација за работа со системот и обука на специјалистите на нарачувачот.
Централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, град Варна 9010 П.Ф. 243, населба „Изгрв" бр. 865
Телефон: 00 359 52/312 100
Тел./Факс: 00 359 52/312 658
E-mail: office@tid-engineering.bg
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: ТиД Инженеринг ДООЕЛ