In Bulgarian
Ако сакате Вашиот ентериер да биде уникатен, треба да изберете неповторливи решенија. Такви се прекинувачите и контактите од палетата Merten System M на Schneider Electric. Производите на светскиот лидер во дигиталната трансформација и автоматизацијата се карактеризираат со функционалност и стил. Merten System M е меѓународна палета CEE 60 и ги нуди сите потребни типови на функционалност, широк избор на премази, бои и дизајнерски палети со целосна модуларност. Таа е една од најфлексибилните за електро- инсталациски платформи со повеќе од 175 функции и 5 дизајни, а производите наоѓаат примена во широк спектар на згради - приватни домови, јавни згради како канцеларии, хотели, болници, училишта и многу повеќе. Повеќе за производите во неа за читателите на BalkanEngineer.com раскажаа од Шнајдер Електрик Бугарија.
Широк круг на можности
„Во Merten System M ќе најдете решенија за контрола на осветлувањето, контактни излези, VDI, сигнализација, електронско управување на осветлувањето со придушувачи и PIR детектори, управување со ролетни, контрола на температурата, хотелски и болнички решенија. Палетата вклучува ексклузивна KNX конфигурација со копчиња од висока класа, термостати со дисплеј и детектори за движење и присуство. При поправки и реновирање, Merten System M нуди најсовремена технологија RF System, природно интегрирана во естетиката. Друга предност на асортиманот е тоа што е погоден за секаков тип на инсталација“, коментираа уште од Шнајдер Електрик Бугарија.
Адреса: Бугарија, Софија 1715, Бизнис Парк Софија, населба Младост 4, зграда 7Б, 4 кат
Телефон: 02/932 93 20
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Шнајдер Електрик Бугарија, Schneider Electric