Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Филкаб Солар: Фотоволтаична централа во Војводиново обезбедува рентабилен алтернативен извор на енергија

21 august 2019

In Bulgarian

 

Филкаб Солар е бугарска компанија, дел од групацијата Филкаб, која повеќе од 15 години има успешно присуство во областа на снабдувањето и комплексните услуги во областа на енергетиката. „Дејноста на Филкаб Солар е насочена кон интегрирани решенија поврзани со изворите на обновлива енергија. Пример за успешно реализиран проект е фотоволтаичната електрична централа во селото Војводиново, област Пловдив, Бугарија, информираа за BalkanEngineer.com од фирма МаккаБ ДООЕЛ – македонската компанија на Филкаб.

 

 

Електричната централа во Војводиново се наоѓа на покривот на деловна зграда и е наменета за сопствена потрошувачка. Таа е составена од поликристални соларни панели 42 Q.PRO BFR-G4 265 Wp на јужнокорејската компанија Hanwha Q CELLS Co. Модулите се нудат со 12-годишна гаранција за производ и 25-годишна гаранција за продуктивност.

 

 

„За монтажа на модулите е користена конструкција на германската компанија Schletter. Конструкцијата е изработена целосно од алуминиум и нерѓосувачки челик, а гумените дихтунзи се од гума EPDM, отпорна на временски услови, што гарантира водоотпорни врски во текот на целиот рок на експлоатација на централата“, објаснија од МаккаБ. За да се гарантира правилниот избор на сите елементи на монтажната конструкција, изготвена е детална структурна анализа, заснована врз нормативните оптоварувања од снег и ветер за специфичната локација на објектот, конструктивните карактеристики на покривот – висина, димензии и наклон на покривот, како и техничките карактеристики на термопанелите.

 

 

Конверзијата на фотоволтаичната енергија во наизменична струја се остварува од сончевиот инвертер SMA Solar Tripower 10000TL-20 на германската компанија SMA Solar Technology. Со цел максимална заштита на инверторот од поголем напон во DC делот, користени се катодни одведувачи Schneider Electric PRD-DC40r по една аресторна заштита за секој MPP тракер.

 

Филкаб  централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: 032/277 171; 032/608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: 02/3233727; моб. 072/310300; 071/347133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: МаккаБ ДООЕЛ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »