Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

МаккаБ: Компактниот разделник со индукциско полнење на Legrand е стилско и функционално решение за канцеларијата и домот

19 october 2023

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian

 

Компактниот и удобен разделник со индукциско полнење, дел од палетата Incara на Legrand, е практично и флексибилно решение за канцеларијата и домот. „Тој обезбедува можност за напојување на електрични уреди во секое време, на дофат на раката и без ограничувања. Разделникот е проектиран со стилски еколошки дизајн, кој го претвора во функционален акцент, што ја завршува визијата за секој ентериер“, коментираа специјалистите од добро етаблираната во областа на електротехниката, трговска, производствена и инженеринг компанија МаккаБ. Incara е производствена палета што опфаќа мултифункционални, ергономски и лесни за инсталирање уреди, наменети за брз и лесен пристап до напојување и интернет. Оваа серија на Legrand е разработена како функционален дизајнерски акцент, погоден за секој модерен работен простор - во канцеларијата, хотелот, кафулето, на аеродром или друга споделена работна средина, како и за удобност на домот.

 

 

„Уредите од серијата се проектирани за лесна инсталација и штелување и бескомпромисна работа, што ги прави погодни како за професионални монтери, така и за крајни корисници. А можноста за нивно вградување во сите видови мебел овозможува лесен и удобен пристап до електрично напојување. За создавањето на Incara, водечкиот производител на електрични системи и додатоци Legrand го интегрира своето знаење, висококвалитетни материјали и широк спектар на функции и облоги, благодарение на што многу од елементите на уредите во оваа палета можат да се приспособат според барањата на клиентот. Современите облоги му даваат класа на секој простор“, објаснија професионалците.

 

Хибридна станица за полнење на мобилни уреди – практично решение за домот и канцеларијата, со мисла за иднината

 

Иновативниот разделник со индукциско полнење од серијата Incara обезбедува ефикасно безжично полнење на паметни телефони и други мобилни уреди преку индукциска станица за полнење или со помош на приклучоци за USB тип А и тип С.

 

Високо ефикасно решение, лесно за инсталирање и користење

 

Хибридната станица за полнење располага со наклонета површина за индукциско напојување со зголемена адхезија, што го спречува лизгањето на мобилниот уред додека се полни, како и дополнителни USB приклучоци за полнење електронски уреди со излези од тип А и тип С.

 

 

Персонализиран еколошки дизајн

 

Пристапот на Legrand кон еколошкиот дизајн има за цел да го намали штетното влијание на производите врз животната средина. Поради оваа причина, производите од серијата INCARA се испорачуваат во картонска амбалажа.

 

„Разделникот со индукциско напојување се нуди во избор од две комбинации на бои. Неговата форма и материјалот што не се лизга, а што се користи за изработка, гарантираат  сигурно задржување на паметниот телефон врз држачот за полнење, дури и додека се користат USB излезите на разделникот“, информираа од тимот на МаккаБ ДООЕЛ.

 

Технички карактеристики на разделниците со индукциско напојување Incara:

-Контакти: 2 x 2P+E;

-Приклучоци: USB A+C;

-Индукциски држач: безжичен, со моќност од 10 W.

 

Филкаб – централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: +359 32 277 171; +359 32 608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: +72 31 0300; +71 34 7133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: МаккаБ, Legrand

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »