Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Фабриката на Smart Solar Technologies во Турција се стреми кон највисоките светски стандарди во производството на фотонапонски м

10 march 2023

In Bulgarian  In Serbian

 

Високотехнолошката фабрика на Smart Solar Technologies, дел од бизнис групацијата Smart Solar, беше посетена од извршниот директор на Smart Energy Trade, г-дин Тодор Георгиев и службениот министер за енергетика, г-дин Росен Христов. Посетата беше организирана по повод инвестицискиот потенцијал на Бугарија за производство на „зелена“ енергија. „Smart Solar Technologies е една од водечките европски компании за интегрирана соларна енергија. Нејзината активност е концентрирана во областа на услугите за инсталација „до клуч на рака“ и производството на фотонапонски модули. Турските специјалисти разработуваат и нудат широк спектар на решенија за соларна енергија“, коментира г-дин Тодор Георгиев. Како помина посетата, кои теми на дискусии од областа на обновливите извори на енергија (ОИЕ) беа разгледани, како и какво е мислењето на министерството во однос на енергетскиот потенцијал на нашата земја, ќе ви раскажеме во следните редови.

 

 

„Посетата на фабриката во Турција беше организирана со цел да ги презентираме економските можности и позитивното еколошко влијание што се последици од производството и потрошувачката на „зелена“ енергија. Обиколката на високотехнолошкото претпријатие, лоцирано кај нашиот јужен сосед, јасно ја демонстрира мисијата и фундаменталните вредности на Smart Solar“, објасни г-дин Георгиев.

 

Исто така се одржа и деловен разговор помеѓу извршниот директор на фабриката во Турција, г-дин Халил Демирдаг и нашиот службен министер, во кој г-дин Христов детално ги презентираше можностите и предностите на нашата земја за инвестиции во сферата на производството на обновливи извори на енергија.

 

„Фабриката за производство на модули се наоѓа во град Gebze, Kocaeli’dek (Гебзе, Коџаелидек и се простира на 23.500 метри квадратни затворена површина. Таа има напредни производствени линии кои работат со технологиите Multi Busbar, PERC, Half Cut Cell и Bi-Facial Cell. Се стремиме кон највисоките стандарди за квалитет во разработката и производството на стаклени фотонапонски панели“, додаде г-дин Георгиев. Во производствениот процес се ангажирани повеќе од 800 луѓе.

 

 

„Поволните услови што ги имаме за изградба на соларни паркови во комбинација со современите технологии можат да бидат исклучително ефикасни“, изјавија претставниците.

 

Smart Energy Trade е дел од една од водечките европски инвестициски и инженеринг бизнис групи во областа на обновливите извори на енергија Smart Solar. Целта на компанијата е да создаде корпоративна култура која да ја обезбеди најдобрата услуга за нивните клиенти и инвеститори. Експертите од областа на ОИЕ се придржуваат до оптималните инженерски решенија и конкурентните практики.

 

Адреса: Софија 1407, населба „Хладилника“, улица Никола Ј. Вапцаров бр. 35

Телефон: 02/962 71 51
Е-пошта: skopje@smartsolar.bg 

 

 

Извор на фотографии: Smart Energy Trade (Смарт Енерџи Трејд), Smart Energy, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »