Serbian Romanian Bulgarian Albanian
Паметната мрежа претставува современо енергетско решение со интегрирана двонасочна дигитална врска помеѓу добавувачот и потрошувачот, која ги обединува паметните мерни уреди, функции и системи за набљудување и контрола. Паметните мерни мрежи на Унисист Инженеринг им обезбедуваат како на клиентите, така и на нивните добавувачи Интернет точка на пристап во реално време. Преку стандарден прелистувач добиваат пристап до потрошените количини, цената и известување за дополнителни информации.
„Со цел да се намали потрошувачката на енергија и да се елиминира загубата на енергија додека истовремено се обезбедуваат услугите што им се потребни на општеството и економијата, неопходно е на масовниот пазар да се воведат поефикасни, поекономични, еколошки и паметни уреди, производи и услуги, и на таков начин што интегрираните компоненти и уреди да помогнат за оптимизација на вкупната потрошувачка на енергија на зградите и индустријата“, коментираа за BalkanEngineer.com од водечката производствена, инженеринг и трговска фирма Унисист Инженеринг.
Кај сите паметни мерни технологии, критичен технолошки предизвик е комуникацијата. Секој мерен уред мора да е во состојба сигурно и безбедно да разменува информации. „Меѓу понудените технолошки решенија е користењето на мобилни мрежи, сателитско поврзување, радио канал – лиценцирани и/или нелиценцирани радио фреквенции. Други потенцијални можни реализации се безжична мрежа базирана на принципот на GSM решенијата, користењето на Wi-Fi и други мрежи поврзани со Интернет“, објаснија специјалистите.
Досега, ниту едно решение на пазарот не изгледа оптимално за сите видови на намени. На пример, урбаните комунални услуги имаат различни комуникациски тешкотии во споредба со комуналните услуги или објекти лоцирани во тешко достапни зони или области со слаба мрежна покриеност.
Унисист Инженеринг ДООЕЛ
Адреса: Софија, Бугарија, п.к. 1582 населба Дружба, бул „Цветан Лазаров“ 144
Телефон: +359 2 886 1203, +359 2 886 3237; +359 2 886 0562
E-mail: office@unisyst.bg
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Унисист Инженеринг,