Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Унисист Инженеринг: бариерните уреди BAR100 се сигурно решение за безбедноста на електричните кола во ризични средини

02 february 2023

In Bulgarian  In Serbian

 

„BAR100 се серија на бариерни уреди за постигнување на електрични кола со сопствена безбедност. Тие се имплементирани како двостепени ограничувачи на напон кои користат Зенер диоди. Зенер бариерите се компатибилни со конвенционалните панели и адресибилните модули. Нивната употреба е наменета за експлозивни средини, котлари, резервоари и други ризични примени кои имаат потреба од дополнително обезбедување на електричната инсталација. Функционалноста на бариерните уреди се должи на резистори со ограничување на струјата и Зенер диоди, кои го намалуваат количеството струја што влегува во опасната зона“, коментираа експертите од Унисист Инженеринг.

 

 

Зенер диодата е силицијумска диода со специфики кои ги одредуваат нејзините суштински карактеристики и примени. Оптимизирана е за работа на полето на електрични пробиви. Важна карактеристика што ја има и што се искористува е нејзиното однесување кога ќе се случи пробив. „Падот на напонот (Uz) низ Зенер диодата останува речиси константен без оглед на промената на струјата низ неа. Зенер диодата се користи како стабилизатор на напон и за заштита од пренапони. Таа има две електроди - анода (p-област) и катода (n-област). Услов за нејзината работа во областа на пробив е катодата да е позитивно поларизирана во однос на анодата - т.н. обратно поврзување“, објаснија специјалистите.

 

„Во Зенер бариерата, секоја зона содржи две двофазни импулсни Зенер или споени диоди и терминален резистор. Во случај на електричен пробив, диодите го ограничуваат напонот што ја достигнува опасната зона, а резисторот ја ограничува струјата во колото. Се користи осигурувач за заштита на самите диоди, а двофазното ограничување на напонот обезбедува континуирано безбедно функционирање доколку некоја од фазите отпадне. Не се вклучуваат активни шеми за намалување на излезната струја“, коментираа од Унисист Инженеринг.

 

Ограничувачот на напон (Зенер диода) не дозволува напонскиот сигнал да оди над и под граничното ниво што е специфично за конкретниот модел. Затоа, се користи не само како ограничувач на сигналот, туку и како заштита од пренапон на соодветното коло. За време на позитивниот полуциклус, кога влезниот напон го надминува пробивниот напон (Uz) на Зенер диодата, таа работи во режим на пробив и го ограничува излезниот сигнал до нивото на Uz. Кога влезниот напон е помал од Uz, диодата е во обратно вклучување и делува како отворен прекинувач - излезниот напон го следи влезниот. За време на негативниот полуциклус, Зенер-диодата е во право вклучување. Таа дејствува како нормална диода и го ограничува излезниот напон до стандардната вредност на падот на напонот (каталошка големина).

 

 

BAR100 се нуди со следната техничка спецификација:

- За струја 4 – 20 mA;

- Термистор - шема за поврзување со три и четири жици;

- Податочни сигнали A и B – сигнал за напојување (U);

- Сериски интерфејс – RS485*, со напојување;

- Мултипликатор на импулсни сигнали.

 

*RS485 е комуникациски интерфејс што се користи во системите за собирање и управување со податоци за индустриски намени. I/O уредите со RS485 се најпосакувано решение од системски интегратори кои имаат за цел ефикасност со конкурентен буџет.

 

„Првите три варијанти се наменети за вградување во електронска опрема или монтирање на DIN шина, а четвртата - за монтирање само на DIN шина. Во нивната техничка документација се наведени соодветните дозволени капацитети, индуктивности, максимална потрошена моќност и други карактеристики. Нивното формирање се одредува во зависност од групата на опрема. Ознаката на BAR100 е во согласност со Директивата 2014/34/EC (ATEX) - „Опрема за потенцијално експлозивни атмосфери“. Поставена е согласно европската регулатива“, додадоа од компанијата.

 

Унисист Инженеринг ДООЕЛ

Адреса: Софија, Бугарија, п.к. 1582 населба Дружба, бул „Цветан Лазаров“ 144

Телефон: 00359 2 886 12 03, 00359 2 886 32 37; 00359 2 886 05 62

E-mail: office@unisyst.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Унисист Инженеринг, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »