Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Унисист Инженеринг: PLC100 е компјутерски систем за управување во реално време кој ги оптимизира оперативните процеси

24 october 2023

In Bulgarian In Albanian In Serbian

 

Контролерите од серијата PLC 100 на Унисист Инженеринг се разработени за локално управување на процесите на производство или во домаќинство. „Обработката на податоците кои доаѓаат во PLC100 се врши со користење до 100 кориснички формули и претходно дефинирани режими. Во суштина, контролерот што го создадовме е систем за управување кој има за цел да ги оптимизира оперативните процеси во производствена линија, функциите на одредена машина или енергетската ефикасност на апаратите за домаќинство, на пример“, коментираа од докажаната производствена и инженеринг компанија во областа на метрологијата и средствата за мерење (СМ).

 

 

Напојување и поврзување на контролерот

 

Поврзувањето на контролерот се остварува преку:

-Куплунзи J1, J2, J3;

-Куплунг J4 – за сервисна употреба;

-SMA конектор – за поврзување на надворешна антена;

-Слот U14 – за micro SD картичка;

-WiFi – безжично поврзување со вградениот веб-интерфејс.

 

Контролерите од серијата 100 работат со напон на напојување од 12 - 24 V DC. Ожичувањето за напојување се остваруваа преку куплунг J1. На плочата на контролерот има куплунзи, џемпери, копчиња и LED диоди и други.

Влезовите и излезите на контролерот не се галвански одвоени еден од друг.

 

Визуелизација и користење на вградениот веб-интерфејс

 

„Контролерите работат самостојно врз основа на поставените параметри. Сите штелувања се запишани во меморија што не е зависна од електричната енергија, што значи дека се зачувуваат без оглед на напонот за напојување. Доколку има потреба од ажурирање на софтверот, првично штелување, промена на параметри, рачно управување или директно следење, можно е да се користи пристап преку вградениот во контролерот веб-интерфејс“, изјавија специјалистите на Унисист.

 

Преку табела со визуелизација и штелувања, се конфигурираат влезно-излезните променливи и формули кои учествуваат во мерењето и управувањето на контролерот.

 

Технички карактеристики на контролерот PLC-100 M:

-Процесор: 32 битен, 240 MHz;

-Wi-Fi комуникација: 2,4 GHz (надворешна антена);

-Работен напон: 24 V DC;

-Потрошувачка на енергија: 25 – 15 W во зависност од оптоварувањето;

-Складирање на податоци: 32 GB micro SD картичка;

-Часовник за реално време со автономна батерија;

-Параметри на влезовите и излезите;

фотографија

-Заштита на излезите;

-Можност за автоматско или рачно управување;

-Можност за внесување до 100 виртуелни позиции на формули за управување врз основа на влезните сигнали;

-Веб-базиран интерфејс: користи стандарден прелистувач инсталиран на компјутер или мобилен уред (лаптоп, таблет или телефон). Работи со актуелните верзии на Firefox, Chrome, Opera и Safari;

-Можност за конфигурирање на сите параметри преку веб-интерфејсот;

-Јазици: повеќејазичен (4 или повеќе);

-Можност за далечинско ажурирање на софтверот.

 

 

Контролерите од серијата PLC 100 имаат и опција за ресетирање кон фабричкото штелување. „Важно е да се наведе дека при оваа постапка се бришат сите поставени кориснички податоци и параметри, но записите на micro SD картичката не се бришат“, додадоа уште од фирмата производител.

 

Ако, по извршувањето на наведените дејства за изведување на постапката, системот не се врати на фабричките штелувања, треба да побарате сервисна интервенција од специјалистите на Унисист Инженеринг.

 

Унисист Инженеринг ДООЕЛ

Адреса: Софија, Бугарија, п.к. 1582 населба Дружба, бул „Цветан Лазаров“ 144

Телефон: +359 2 886 1203, +359 2 886 3237; +359 2 886 0562

E-mail: office@unisyst.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Унисист Инженеринг, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »