In Bulgarian In Romanian In Serbian
Водечката бугарска инженеринг компанија ТиД Инженеринг ДООЕЛ има долгогодишно искуство во имплементација на инженеринг активности во енергетиката и енергетската инфраструктура. И во моментот компанијата спроведува комплетни проекти во областа автоматизација за Национална компанија „Железничка инфраструктура“ (НКЖИ, Бугарија), информираа за BalkanEngineer.com од фирмата.
Во последните неколку години ТиД Инженеринг има реализирано 12 влечни трафостаници 110/27.5 kV, од кои 9 со полн инженеринг - изградба до клуч на рака, и 3 како подизведувач за дел SCADA систем, активности за монтажа и пуштање во работа за НКЖИ (Бугарија).
Компанијата го има сместено својот бизнис во модерен комплекс во град Варна со соодветни административни и производствени површини, изградени со сопствени инвестиции. „Одржуваме материјална и магацинска база, опремена со полн спектар на специјализирани апарати, алати, механизација и возила“, објаснија од ТиД Инженеринг.
На крајот на 2018 година инженеринг друштвото доби почесно признание од страна на Комората на градежниците во Бугарија, освојувајќи златна награда во категоријата „Средни градби од енергетската инфраструктура“, при што ја надмина конкуренцијата од вкупно 449 докажани во Бугарија градежни и инженеринг компании.
„За нас е чест што бевме удостоени со оваа награда и ја прифаќаме како оценка за нашите неуморни активности и професионализмот на нашите експерти“, коментираа од компанијата.
Централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, град Варна 9010, ул. „Перуника“ 46
Телефон: 00 359 52/312 100
Тел./Факс: 00 359 52/312 658
E-mail: office@tid-engineering.bg
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: ТиД Инженеринг ДООЕЛ, в-к Строител