Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

ТиД Инженеринг со бројни успешни проекти во ТЕЦ Варна, Бугарија

15 june 2018

In Bulgarian   In Romanian   In Serbian

 

Докажаната инженерска компанија ТиД Инженеринг ДООЕЛ повеќе од десет годин, успешно ја развива својата дејност поврзана со изградба на индустриски мрежи од програмабилни контролери и средства за автоматизација, како и системи за далечинско управување и далечинска сигнализација во енергетиката и индустријата. За овој период, компанијата ја доби довербата на многу големи претпријатија, каде успешно спроведуваше повеќе проекти. Едно од нив е втората по големина термоцентралата на Балканскиот полуостров - ТЕЦ Варна ЕАД, Бугарија, раскажаа за BalkanEngineer.com од фирмата.

 

 

„ТЕЦ Варна беше една од компаниите кои ни се доверија уште додека бевме млада фирма која допрва се докажуваше и афирмираше на пазарот. Меѓу првите наши проекти кои ги извршивме за нив и кои ги ставија основите на нашата идна плодна соработка беше проектирање, испорака, монтажа и пуштање во работа на нова апаратура за реконструкција на полу-портален кран КП20УЕ“, раскажаа од ТиД Инженеринг.

 

По успешното завршување на овој проект од фирмата извршуваат уште неколку слични кои се поврзани со реконструкција и модернизација на опрема за подигнување во ТЕЦ Варна, меѓу кои:

 

 - Реконструкција на полу-портален кран КП 204Е, завршен со инвертори на платформа Siemens;

 - Проектирање, испорака, монтажа и пуштање во употреба на нова апаратура за реконструкција на управувањето на мостовски кран бр.3 Q500/100 kN;

 - Испорака, монтажа и пуштање во работа на операторска станица за кран за претовар од 30 тони;

 - Испорака, монтажа и пуштање во работа на нова апаратура за реконструкција на управувањето на мостовски кран бр. 2 со капацитет Q = 500/100 kN, наменет за послужување на поправките на објектите во котел сала.

 

 

Друг проект на кој ТиД Инженеринг работи во ТЕЦ Варна е проектирање и извршување на електрична инсталација за управување на 6 вентилатори на кота 33 и 6 вентилатори за експлозивни вентили на прашкасти бункери на котли од 1 до 6. „Целта на проектот беше подобрување на вентилацијата и намалување на вредностите на CO“, изјавија од ТиД Инженеринг.

 

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, град Варна 9010 П.Ф. 243, населба „Изгрв" бр. 865

Телефон: 00 359 52/312 100

Тел./Факс: 00 359 52/312 658

E-mail: office@tid-engineering.bg

 

 

Извор на фото материјал: ТиД Инженеринг ДООЕЛ, ТЕЦ Варна, pixabay.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »