Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Теси планира да го зголеми производствен капацитет за бојлери со голем волумен преку спроведување на технолошки проект

16 december 2023

In Bulgarian  In Albanian  In Romanian  In Serbian

 

Европскиот производител на бојлери и апарати за домаќинство Теси ги објави своите нови производствени планови за линијата на бојлери со голем волумен (БГВ). „Започнавме нов проект со кој целосно ќе го обновиме нашиот капацитет за производство на бојлери со голем волумен. Нашата цел е до 2026 година да можеме да произведуваме 120.000 емајлирани БГВ до 500 литри и 10.000 БГВ со волумен од 800 до 2.000 литри (вкупно емајлирани и баферирани) годишно“, соопштија од компанијата.

 

 

Теси си поставува индикативен рок за реализација на проектот од 3 години, а активностите во него се поделени во 4 фази:

-Фаза 1: Нова линија за емајлирање, вклучително хемиско чистење, нанесување и печење;

-Фаза 2: Зголемување на капацитетите за производство на калеми;

-Фаза 3: Нова линија за финална монтажа на БГВ;

-Фаза 4: Нова линија специјализирана само за производство на бафери.

 

„Проектот ќе се реализира со заеднички усилби на следните оддели: „Производство на БГВ“, „Стратешки инвестициски проекти“, IPDQ и „Менаџмент на производи“, а негов раководител ќе биде нашиот колега Краси Колев. За време на реализацијата на планираните активности ќе произведуваме бафери користејќи ги слободните капацитети на нашата нова фабрика за системи за топлински пумпи, модернизираната линија за емајлирани БГВ и фабриката за електрични бојлери“, објаснија уште од компанијата.

 

Теси веќе е во процес на изградба на својот најнов објект, фабриката за топлински пумпи во Шумен, која ќе зафаќа изградена површина од 11.500 метри квадратни и ќе вклучува високотехнолошки производствен дел. Во двете главни хали на новата фабрика ќе бидат сместени високо автоматизирани линии за заварување, емајлирање и склопување на котли за вода за термодинамички и електрични бојлери, како и линии за финална монтажа на агрегати за топлински пумпи и термодинамички бојлери. Освен тоа е предвиден  магацински систем со високи сталажи со капацитет од околу 4.000 места за палети и 6 рампи за товарење и административно - релакс подрачје на 3 нивоа, во кое ќе бидат сместени робо академија, канцелариски простори со 50 работни места и простор за релаксација за 200 луѓе. Инвестицијата изнесува околу 50 милиони лева, а официјално беше објавена за време на свечената прослава на 30-годишнината од бугарската производствена компанија.

 

 

„Нашата одлука за оваа инвестиција е диктирана не само од стратешката позиција на нашата земја, туку и од планираните синергии со другите производствени капацитети на Теси, со цел ефективно да се одговори на експоненцијалната побарувачка на овој вид на производи во Европа“, додадоа уште од бугарската компанија.

Во моментов годишниот производствен капацитет на Теси е 1,5 милиони уреди, а прометот за 2022 година е повеќе од 210 милиони лева. Плановите се веќе оваа година тој да порасне на 300 милиони лева.

 

Канцеларија во Софија

Адреса: Бугарија, Софија, стр.к 1766, ж.к. Парк Софија, Блок 16 V, канцеларија 2.1, 2 кат

Телефон: +359 2 902 6666 

Е-mail: office@tesy.com

 

Канцеларија во Шумен

Адреса: Бугарија, Шумен, п.к. 9700, бул.Мадара бр.48.

Телефон: +359 54 859 129 

Е-mail: office@tesy.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Теси (Tesy)

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »