Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Термо - магнетски моторни прекинувачи на Schneider Electric за управување и заштита на електромотори

10 august 2017

In Bulgarian.   In Serbian.   In Romanian.

 

МаккаБ ДООЕЛ нуди инженерски услуги и врши комплетна услуга на објекти, линии и опрема за индустријата, градежништвото и др. Како дел од своето богато портфолио, компанијата нуди на пазарот триполни термо - магнетски автоматски прекинувачи, специјално дизајнирани за управување и заштита на електромотори. „Уредите се разработени од познатиот производител Schneider Electric во согласност со европските норми 2ЕС 947-2 и 2ЕС 947-4-1“, коментираа за BalkanEngineer.com од докажаната компанија.

 

Моторните заштити од тип GV2, GV3 и GV7 на Schneider Electric се проектирани за поврзување преку клеми со шрафови. „Прекинувачите GV2-ME можат да бидат доставени со клеми со пружини за поврзување на каблите кои обезбедуваат сигурна, постојана и трајна врска, отпорна на тешки услови на експлоатација, на вибрации и удари. Секоја од клемите може да преземе по два кабли, а исто така е многу погодна за кабли со истрошени краишта“, објаснија од МаккаБ.

 

 

Принципот на управување на уредите е преку копчиња (за модели GV2-ME и GV3-ME), вртлива рачка (GV2-P) или лизгачка рачка (GV7-R). Работната струја на електромоторот се поставува преку градуиран клуч. За автоматско и далечинско управување, термо - магнетските прекинувачи можат да се комбинираат со контактор. Елементите за термичка заштита вклучуваат автоматска компензација при промени на околната температура. За безбедноста на персоналот сите делови под напон на уредот се заштитени од директен допир.

 

Уредите се карактеризираат со лесна инсталација во сите конфигурации, благодарение на својот универзален систем за монтажа, преку шрафови или штипки за монтажа на симетрична, асиметрична или комбинирана шина. „Во случај на прашања во врска со понудените производи, нашите клиенти можат да му се обратат на нашиот тим од високо квалификувани професионалци“, споделија од компанијата.

 

Филкаб  централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: 032/277 171; 032/608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, град Скопje, Ацо Шопов 28 (во кругот на фабриката Карпош)

Телефон: 02/3233727; моб. 072/310300; 075/397235

E-mail: makkab_office@yahoo.com

 

 

Извор на фотографии: МаккаБ ДООЕЛ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »