Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Т и Д Инженернг: Дел од нашето портфолио се високотехнолошки иновативни решенија за фотонапонски постројки со индустриска примен

10 may 2023

In Bulgarian In Romanian    In Serbian

 

„Иднината на инженерството е тука“, самоуверено изјавуваат од Т и Д Инженернг, водечка компанија во областа на енергетиката, електрониката, управувањето со енергетската инфраструктура, индустријата и обновливите извори на енергија. Со тим од десетици квалификувани и искусни инженери, дизајнери, механичари и техничари, компанијата нуди интелигентни технолошки решенија кои обезбедуваат висока продуктивност, сигурност и ефикасност. Вниманието кон барањата на клиентите и фокусирањето на современите одржливи технологии се во основата на пазарниот успех на фирмата, а нејзината експертиза поврзана со обновливите извори на енергија ја става во првите редови на индустријата за ОИЕ. Кои се можностите на Т и Д Инженернг во изградбата на фотонапонски централи и како новите идеи се комбинираат со долгогодишното професионално искуство на нејзиниот тим.

 

 

Трендовите кон одржливост на претпријатијата и актуелните финансиски програми ја охрабруваат примената на ОИЕ во индустријата. Т и Д Инженернг нуди флексибилни решенија со различни типови на соларни панели и системи за мониторинг. Mono/Poly кристалните соларни панели се дел од производственото портфолио на фирмата. „Двата типа се изработени од силикон – издржлив материјал со исклучително соодветни карактеристики за вакви примени. Суштинската разлика е во тоа што монокристалните соларни панели се поскапи и произведуваат 10 W повеќе енергија на метар квадратен“, раскажуваат од Т и Д Инженернг.

 

BIPV Transparent соларните панели се состојат од проѕирни кристални ќелии кои често имаат проѕирен заден ѕид. Поради оваа причина, тие можат да се користат за застаклување на прозорци во форма на панели интегрирани во просторот на покривот, или за застаклување на простории наменети како т.н. сончеви простори.

 

Т и Д Инженернг нуди батерии со различни големини - технолошки решенија за складирање на генерираната енергија за врвни моменти во производството. Постојат можности да се полнат од различни извори на енергија (фотонапонски паркови, генератори на ветер и сл.) или од електричната мрежа. „Полнете ги батериите со енергија ноќе кога тарифата е поевтина и користете ја или продавајте ја дење кога тарифата е поскапа“, советуваат од компанијата.

 

 

Друг иновативен предлог во портфолиото на Т и Д Инженернг се соларните ќерамиди. Со нивната висока отпорност, соодветен дизајн сличен на обичните ќерамиди и нивните одлични карактеристики, тие се во состојба да ја заменат потребата од големи соларни панели на покривот на куќата, особено ако нејзината конструкција не го дозволува тоа.

 

Компанијата, исто така, размислила за потребата од системи за мониторинг и управување со соларните системи. „Ние градиме системи за мониторинг кои му овозможуваат на корисникот да ги исклучува или вклучува соларните панели, да ја следи потрошувачката и производството на електрична енергија од далечина итн.“, објаснуваат од Т и Д Инженернг како потврда на нивниот совет до своите клиенти: „Бидете ориентирани кон решенија“. Имено уникатните технички решенија кои ги земаат предвид спецификите на секој проект ја претворуваат компанијата во претпочитан партнер и договорна страна во областа на обновливите извори и сончевата енергија.

 

Адреса: Бугарија, град Варна 9010, ул. „Перуника“ 46

Телефон: +359 52 312 100 

Тел./Факс: +359 52 312 658 

E-mail: office@tid-engineering.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Т и Д Инженернг, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »