In Bulgarian
Во деновите во кои живееме, одговорноста за животната средина одамна не е задача со која се соочуваат само големите производствени претпријатија. И пример за тоа е еден од милениците на фудбалските навивачи ширум светот – Борусија Дортмунд. „По завршувањето на третата фаза од проширувањето на тимскиот стадион во Дортмунд, Германија, спортскиот објект се рангира меѓу најголемите стадиони во Европа. За неговото непречено функционирање и високото ниво на удобност помага интелигентната пумпа Wilo-Stratos MAXO“ соопштија за BalkanEngineer.com од Wilo Претставништво Скопје, подружница на германскиот производител.
„Атмосфера што може да ја постигне само една фудбалска арена“ – вака се опишува Signal Iduna Park на 2 април 1974 година, кога беше „осветена“ на пријателскиот натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и ФК Шалке 04.
„Ако би им раскажале на гостите и на фановите пред 50 години за објект од иста димензија со стаклена фасада и подно греење, најверојатно ќе се соочивте само со збунетост. Но, денес стадионот е реалност точно во овој вид“, раскажаа од Wilo Претставништво Скопје. Во исто време, фудбалскиот клуб ја сфаќа многу сериозно одговорноста што ја носат како значаен спортски бренд за животната средина. Една од погодените области се системите за вода и канализација и за греење, вентилација и климатизација на стадионот. Со години, домот на Борусија Дортмунд се потпираше на енергетско ефикасните производи на Wilo кои создаваат „зелена“ околина од снабдувањето со вода на ВИП ложите, до греењето на соблекувалните и обезбедувањето на топла вода.
Почнувајќи од 2019 година, новиот модел Stratos MAXO исто така обезбедува вода за легендарната јужна трибина. „Ова е една од првите паметни пумпи во светот. Благодарение на целосно оптимизираните и иновативни функции за заштеда на енергија, како што се Multi-Flow Adaptation и No-Flow Stop, се постигнува индекс на енергетска ефикасност (ЕЕI) од ≤ 0.19 до ≤ 0.17“, коментираа од Wilo Претставништво Скопје.
Еве како англискиот весник Тајмс го нарече Signal Iduna Park „најдобриот стадион во светот“, поради неговата атмосфера и удобности без аналог...
Wilo Претставништво Скопје
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4
Телефон: +389 02 3122 058
E-mail: info@wilo.com.mk
Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.
Телефон: +389 070 205 297
E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Wilo Претставништво Скопје, Македонија, Wilo