Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

СолТех: Колаборативни роботи UR10 – во срцето на индустриските процеси на Continental, редуцирајќи го за 50% времето

12 july 2017

In Bulgarian.

 

Мултинационалниот гигант Continental е меѓу најроботските шпански производители и пионер во пристапот кон Индустрија 4.0. „Во минатата 2016 година групацијата одлучи да спроведе неколку колаборативни роботи UR10 на Universal Robots, со што да го автоматизира процесот на производство на печатени електронски плочи, намалувајќи го времето помеѓу операциите на половина – од 40 на 20 минути“, раскажаа за BalkanEngineer.com од фирма СолТех ДООЕЛ, која нуди решенија на Universal Robots за македонскиот пазар.

 

 

Сирил Хогард, управител на фабриката на Continental Automotive Шпанија, коментира дека един од најголемите предизвици за индустријата е да се подобри продуктивноста, која е меѓу најконкурентните предности на една компанија.

 

Кога специјалистот слушна за прв пат за колаборативните роботи, тој брзо се убедува во фактот дека токму тие ќе бидат важно решение за Continental Automotive на патот кон Индустрија 4.0, потпирајќи се врз идејата за брза и лесна интеграција, минимални трошоци за одржување и поголема продуктивност.

 

Continental Automotive Шпанија ги избира роботите на Universal Robots кои да вршат операции за производството и валидацијата на печатени електронски плочи и компоненти за време на производствениот процес. Тоа се сите монотони и рутински операции, кои сепак бараат прецизност и точност.

 

Првично се инсталирани два роботи модел UR10 – за утовар и истовар на плочите, како и за монтажа на компонентите. Во моментов веќе работат 6 колаборативни роботи UR10 со уште 3 дополнителни UR10 машини.

 

 

Екипата на Continental е исклучително задоволна од резултатите постигнати со инсталирањето на колаборативни роботи на нивната производствена линија, бидејќи тие успеваат да постигнат контрола и флексибилност на процесите, помалку оптоварување на тимот, намалување на трошоците, безбедност и сигурност на работните процеси.

 

Трговска канцеларија

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. "Кукленско шосе” 21

Телефон: +359 32 500 425, +359 877 707 954

E-mail: sales@soltec.bg

 

 

Извор на фотографии: СолТех, Universal Robots

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »