Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Современ SCADA систем од Т и Д Инженеринг обезбедува далечинска контрола и управување со енергетската мрежа

24 november 2023

In Bulgarian  In Romanian  In Serbian

 

Како една од најпознатите инженеринг компании на пазарот, Т и Д Инженеринг е претпочитан партнер во реализацијата на проекти од различен обем за индустријата и енергетската инфраструктура. Компанијата со години е главен изведувач на проекти за Национална компанија „Железничка инфраструктура“ (НКЖИ), а голем дел од нив се комплексни и вклучуваат изградба до клуч на рака. Компанијата исто така и подизведувач за SCADA системи, активности за монтажа и пуштање во работа.

 

 

„Трафостаницата е дел од електричен систем за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија, која помага за трансформација на напонот од висок во низок или обратно, како и за извршување на други важни функции. Намената на влечните трафостаници, во чија модернизација и реконструкција активно се вклучи Т и Д Инженеринг, е да ја снабдуваат надземната контактна мрежа со номинален напон од 25 kV, 50 Hz, измерен во однос на земјата“, информираа од компанијата.

 

При изведување на проектот, Т и Д Инженеринг успешно интегрира два комплетни системи за далечинско управување и далечинска сигнализација SCADA. Тие се наменети за оперативно диспечерско управување на влечни трафостаници, секциски места и разводници во станиците.

 

Системите SCADA кои компанијата ги обезбедува за време на реализација на проектот на НКЖИ се разработени според најсовремените технологии и методи и вклучуваат целосен комплет на функционални можности. „Тие ја подобруваат работата со хардверски производи и овозможуваат далечинско управување и мониторинг за обезбедување на правилното функционирање на поврзаните системи. Освен тоа, SCADA спречува појава на инциденти, а кога има такви инциденти помага тие брзо да се утврдат“, потенцираа специјалистите од Т и Д Инженеринг.

 

 

Главни карактеристики на SCADA системите:

- Управување

Системот поддржува функција за контрола на оперативните процеси на локално или оддалечено ниво.

- Јасна визуелизација

Решението SCADA обезбедува јасна визуелизација на податоците од различни уреди во реално време.

- Графичка визуелизација

Со добиените податоци, системот за мониторинг создава лесни за работа и разбирливи графикони кои ја олеснуваат анализата на информациите.

- Снимање

Системот ги снима настаните испратени од уредите во поврзана база на податоци.

- Флексибилност

SCADA овозможува да бидат разработени персонализирани функционалности според барањата  на клиентите.

- Дејствува како центар за податоци

Системот овозможува собирање податоци и нивното пренесување на повисоко ниво.

- Независност од оперативни системи

Со опција Run-time, SCADA може да работи на Windows и Linux сервери.

 

Адреса: Бугарија, град Варна 9010, ул. „Перуника“ 46

Телефон: +359 52 312 100 

Тел./Факс:+359 52 312 658 

 E-mail: office@tid-engineering.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Т и Д Инженеринг, НКЖИ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »