Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Со реализацијата на систем за диспечерско управување, Т и Д Инженеринг ја подобрува сигурноста на процесите во ЕРП

06 march 2024

In Bulgarian   In Romanian In Serbian

 

Со својата уникатна способност да создава првокласни интегрирани решенија, докажаната компанија Т и Д Инженеринг е верен партнер на голем број индустриски гранки, вклучително: енергетика, електроника, енергетска инфраструктура, ОИЕ и многу други. „Она што не прави конкурентни е нашата богата техничка база, нашите специјалисти со долгогодишно искуство и нашиот проактивен пристап на работа во потрагата по иновативни начини за подобрување на проектирањето и развојот на енергетската инфраструктура. Благодарение на нашето непроценливо искуство и со помош на интеграција на најсовремена апаратура, вклучително паметна електроника, паметно собирање на податоци и имплементација на паметни мрежи, успеваме да создадеме високотехнолошки решенија кои носат висока додадена вредност, ефикасност и сигурност на нашите клиенти“, информираа од Т и Д Инженеринг.

 

 

Долги години, водечката инженеринг компанија е сигурен и префериран партнер на енергетската индустрија кај нас. Од 2007 година до сега, Т и Д Инженеринг успешно соработува со бугарската компанија за дистрибуција на електрична енергија Електроразпределение Север АД, за која има реализирано бројни проекти. Таа припаѓа на структурата на чешката енергетска групација ЕНЕРГО-ПРО, светски докажана во производството, дистрибуцијата и трговијата со електрична енергија.

 

Со текот на годините, тимот на Т и Д Инженеринг успешно реализирал и продолжува да спроведува бројни проекти за Електроразпределение Север АД, дел од кои вклучуваат:

- Испорака, пуштање во употреба и гарантно одржување на SCADA системот;

- Проектирање, рехабилитација и пуштање во употреба на систем за телемеханика во трафостаници и дистрибутивни станици во сопственост на претпријатието за дистрибуција на електрична енергија;

- Надградба на постоечки, изградба на нови и пуштање во употреба на автоматизирани системи за диспечерско управување во трафостаници, дистрибутивни станици и комутатори со далечинско управување за потребите на „Електроразпраделение Север“ АД.

 

Автоматизирани системи за диспечерско управување (АСДУ) на територијата на Електроразпраделение Север се реализирани врз основа на постоечки SCADA сервери. Системите се изградени од модули кои, врз основа на постојните сигнали од ОРУ (отворена разводна опрема), ЗРУ (затворена разводна опрема) или КРУ (Конечна разводна опрема), ја остваруваат телесигнализацијата, телеуправувањето и теле-мерењето.

 

 

Со изведбата на проектот за надградба на диспечерскиот систем во Електроразпраделение Север АД, Т и Д Инженеринг придонесува за подобрување на бројни оперативни процеси. Меѓу новостекнатите функционални можности на системот се:

 

- Следење на параметрите на сите објекти во реално време;

- Извршување на далечински команди од Централната канцеларија и од командна просторија, како и следење на нивното извршување;

- Пресметка на моќност и дуго.;

 

Адреса: Бугарија, град Варна 9010, ул. „Перуника“ 46

Телефон: +359 52 312 100 

Тел./Факс:+359 52 312 658 

 E-mail: office@tid-engineering.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Т и Д Инженеринг, ЕРП (Компанија за дистрибуција на електрична енергија) Север, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »