Инженерскиот тим на Schneider Electric разработи EcoStruxure Power, дигитално поврзано решение за дистрибуција на електрична енергија што помага да се изгради одржлив оперативен систем. Водечката мултинационална компанија обезбедува дигитални решенија за снабдување со енергија и автоматизација на индустриски и инфраструктурни објекти, станбени и јавни згради, центри за податоци итн., со кои им гарантира ефикасност и одржлив развој на корисниците.
Според податоците на BNEF (BloombergNEF), до 2040 година се очекува светскиот енергетски капацитет да се удвои, електричните возила да достигнат 30% од вкупниот број на возила, а производството на енергија од обновливи извори да формира удел од 50% во енергетскиот микс.
Од друга страна, зголемувањето на дигитализацијата и навлегувањето на електричната енергија околу нас во уште поголема мера бара од бизнисите да се грижат за голем број прашања, меѓу кои:
- - Одржување на безбедноста на персоналот и објектите - приоритет со кој не може да се прават компромиси;
- - Континуитет на процесите – прекините на напојувањето ја намалуваат рентабилноста и негативно влијаат на претпријатието;
- - Енергетска ефикасност и одржливост во форма на грижа за животната средина;
- - Заштита на информациските податоци и заштита од сајбер ризици – бара постојани усилби и внимателност.
Решавањето на опишаните предизвици е остварливо со трансформација на инфраструктурата што ги напојува објектите.
Пристапот на Schneider Electric кон идниот дигитално-електричен свет
Schneider Electric™ ја гледа дигиталната револуција и нејзиниот потенцијал како можност за позитивни промени и се стреми да ја претвори оваа визија во реалност со својата специјализирана платформа EcoStruxure Power која ја дигитализира и поедноставува инфраструктурата за дистрибуција на електрична енергија. „Таа е подготвена за употреба, отворена, интероперабилна платформа која овозможува подобрена безбедност, доверливост, ефикасност, одржлив развој и поврзување во секој бизнис и производство. EcoStruxure ги користи сите предности на IoT, мобилноста, сензорите, облак технологиите, анализите и сајбер безбедноста за да обезбеди подобрувања и иновации на секое ниво на индустриските процеси“, објаснија од компанијата. Со неа ќе ги имате следните предности:
- - Во реално време добивате ситуациска информација за целиот ваш електроенергетски систем и бизнис информации што можете да ги применувате;
- - Располагате со предвидлива информација засновани на состојба, со која можете да ги подобрите ефикасноста и одржувањето;
- - Добивате стручни препораки и алатки за оптимизирање на работата на вашата критична опрема;
- - Ја зголемувате максимално ефикасноста на вашата критична инфраструктура преку подобрување на електричната безбедност и напојување;
- - Ги балансирате ризиците и придобивките од дигитализацијата преку постигнување сајбер безбедност и дигитално поврзување.
Адреса: Бугарија, Софија 1715, Бизнис Парк Софија, населба Младост 4, зграда 7Б, 4 кат
Телефон: 02/932 93 20
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Шнајдер Електрик Бугарија, Scheider Electric, freepik.com