Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Со каблите TKD од МаккаБ и концептот „Лифт 4.0“, движењето нагоре и надолу станува доживување

20 march 2023

In Bulgarian  In Serbian

 

МаккаБ ДООЕЛ ја најави пазарната премиера на нов производ во својот богат каталог - каблите TKD. „Тие се соодветно кабелско решение за секоја опрема за подигнување“. „Со појавувањето на Интернет на нештата (IoT) и Индустрија 4.0, паметните мрежи, анализата на податоци, автоматизацијата и новите функции за комфор станаа двигатели на индустријата. Одамна поминаа времињата кога секое копче во кабината мораше да биде поединечно поврзано со реле во контролната табла. Современите BUS системи (забелешка на уредникот - кабелска автоматизација за паметна контрола) се претворија во суштински дел за конструирањето на лифтови“, коментираа специјалистите од водечката трговска компанија во областа на електротехниката. Во следните редови ќе го претставиме концептот на „Лифт 4.0“ како и љубопитни поединости за новите TKD кабли.

 

 

„TKD е еден од водечките меѓународни добавувачи на кабли. Компанијата е дел од Dutch Cable Connectivity Group и има долгогодишно искуство во сферата, вклучително во изградбата на системи за лифтови. Специјалистите од нејзиниот тим се детално запознаени со процесот - од проектирање до изградба и постпродажен сервис на лифтови. Нивното знаење од областа го гарантира квалитетот и богатиот асортиман на нивните производи. Како трговски партнер на TKD, можеме да реагираме брзо и флексибилно на вашите потреби, обезбедувајќи ви го правилното кабелско решение кое е прилагодено на вашата активност“, објаснија специјалистите на Филкаб.

 

„Лифт 4.0“ - интелигентно решение за целосно доживување

 

Каблите TKD ги претвораат системите на лифтови од обични кабини со цел лесно движење на висина во решенија од нова генерација.

 

„Веќе не се работи само за едноставно напојување со енергија, туку за интегрирање на современи функции на пример за забава, опции за анализа и откривање на грешки, предвидување на потребата од одржување, далечинско управување и други паметни решенија. И во критичните области каде што мора да се обезбеди дополнително обезбедување, се применуваат системи за контрола на пристапот и видео надзор. Од друга страна, со развојот на технологијата, чисто акустичните системи за итни повици беа заменети со модерни системи за видео комуникација“, објаснија од тимот.

 

 

Кабли TKD за лифтови: Голема разновидност од флексибилни решенија

 

Трговската компанија нуди сеопфатно портфолио на флексибилни кабли за лифтови со стандардизирани карактеристики. Покрај стандардните производи во каталогот на Филкаб, може да искористите и опција за персонализирање на кабелските производи. Со кликање врз производот за кој сте заинтересирани, врската ќе ве однесе до неговите податоци од каталогот. Врз основа на овие информации, во комбинација со консултација од специјалистите, ќе можете да ги конфигурирате параметрите кои конкретно ќе одговараат на вашата примена.

 

Очекувајте продолжение на темата, во која ќе ви раскажеме за техничките спецификации на различните типови TKD кабли!

 

Филкаб – централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: +359 32 277 171; +359 32 608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: 072 31 0300; 071 34 7133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјали: Филкаб АД (Filkab), canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »