In Bulgarian
Среде летните горештини, ви нудиме навистина разладувачка приказна која ги открива тајните на вештачкиот снег. Системите за производство на снег доаѓаат на помош кога времето не е наклонето кон скијачите и скијачките натпревари од ранг на Audi FIS Ski World Cup. Трошоците поврзани со вештачкото правење на снег на пистите често се значителни, а компаниите кои стопанисуваат со објектите бараат ефикасен баланс помеѓу производството на снег и цената што ја плаќаат за тоа. Како практично се управува и оптимизира овој процес, за читателите на BalkanEngineer.com раскажаа од АББ Бугарија - подружница на АВВ - светски лидер во одржливите високотехнолошки решенија со висока енергетска ефикасност. „Системите за производство на снег можат да интегрираат податоци од ABB AbilityTM Energy Manager со цел управување со потрошувачката во реално време. Со ова значително се намалуваат трошоците за овој долг и енергетски интензивен процес“, објаснија од компанијата.
Познатата писта Ерта во италијанското одморалиште Сан Вигилио ди Маребе е меѓу претпочитаните спортски објекти за одржување на натпревари во рамките на Audi FIS Ski World Cup. За настанот во 2023 година е изградена нова писта паралелна со Ерта. Со неговата изградба станува неопходно проширување на системот за производство на снег. Операторот на објектот, компанијата Funivie San Vigilio di Marebbe, гледа можност да обезбеди напојување и енергетска контрола за целиот комплекс. Еве што изјавија од АББ Бугарија за почетокот на проектот: „Инженерите на скијачкиот комплекс го координираа своето решение со АВВ и со добавувачот на технологијата за производство на снег, TechnoAlpin, за да изградат усовршен енергетски систем кој ќе гарантира доволна снежна покривка во текот на скијачката сезона, но и да поседува интелигентно далечинско управување“.
Се дојде до решение каде разводните табли на системот ABB System Pro E Power со прекинувачи Emax 2 и Tmax XT го поврзуваат ски-одморалиштето со контролната платформа ABB Ability™ Energy. Таа добива податоци од паметните уреди на ABB за мониторинг на важните параметри. Во оваа апликација, енергетските податоци се интегрирани во системот за производство на снег TechnoAlpin, овозможувајќи му на тимот на операторот целосно да го контролира целиот систем. На овој начин се оптимизира потрошувачката на енергија, се заштедуваат пари и се подобруваат еколошките перформанси на системот.
Постигнувањето на максимална работна ефикасност и заштеда на енергија се предизвици за секоја организација. ABB Ability™ Energy Manager обезбедува комплет алатки за управување со податоци, мониторинг и контрола, погодни за широк спектар на инфраструктурни проекти“, додадоа уште од AББ Бугарија.
Централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, Софија 1592, бул. „Витоша“ 89Б, зграда А, кат, 17 Милениум Центар Софија
Телефон: +359 2 807 5500
Е-mail: office@bg.abb.com
Повеќе информации за АББ Блгарија ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: AББ Бугарија (ABB)