Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Смарт Солар: Smart Solar Technologies ја потврди својата водечка позиција на пазарот со новата фабрика за производство

04 may 2023

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian

 

Изградбата на фотонапонски системи е сè попосакувана инвестиција за постигнување на енергетска ефикасност и независност како од сопственици на индустриски претпријатија, така и од домаќинствата. Како одговор на зголемената побарувачка, компанијата Smart Solar Technologies ја отвори својата трета фабрика специјализирана за развој и производство на компоненти за искористување на сончева енергија во Турција, со што ја зајакна својата позиција на меѓународните пазари и на берзата во Истанбул. Smart Solar Technologies развива активност на полето на фотонапонските системи во повеќе од 70 земји во светот, вклучително и во Бугарија со својата сопствена компанија Смарт Солар. Компанијата е претпочитан избор на инвеститори од сите големини за проектирање и изградба на соларни објекти, бидејќи има свои производствени капацитети за фотонапонски панели и други инсталациски компоненти сместени во Турција.

 

 

Брзото проширување на производството во Турција беше официјално прославено со официјална церемонија за впишување на компанијата на берзата во Истанбул пред една година. Овој чекор беше поздравен од Коркмаз Ергун, главен извршен директор на Берзата, со зборовите: „Среќни сме што ја гледаме оваа истакната компанија која работи во секторот на обновливите извори на енергија и обезбедува инвестиции благодарение на квалитетните инженерски и проектантски услуги“.

 

На почетокот на 2022 година, главниот извршнен директор на компанијата, г-дин Халил Демирдаг, изјави: „Smart Solar Technologies планира да продолжи со својата инвестиција во истражување и развој (R&D), како и со својата поддршка за технолошки стартапи. Зад нашата цел да станеме јавна компанија стои нашиот стремеж да се претвориме во глобален пазарен  играч. Се стремиме да растеме брзо и да ја зголемуваме нашата рентабилност“.

 

Само една година подоцна, резултатот е достапен - во март 2023 година, Smart Solar Technologies ја отвори својата трета по ред фабрика за производство на фотонапонски модули и првата за производство на фотонапонски ќелии во град Измир, Турција.

 

 

„Производството на фотоволтаични модули врз основа на уникатна, најсовремена производствена технологија, строгата производствена контрола и квалитетот на употребените материјали се основата на нивната висока ефикасност. Ние, исто така, не правиме компромиси со постојано високиот квалитет на другите компоненти на соларните централи што ги градиме. Се грижиме за одличните квалификации на нашите инженери и техничари за да понудиме комплетна изведба на проекти што се одликуваат со иновативност, ефикасност и сигурност. Доказ за тоа се позитивните рецензии на нашите клиенти од целиот свет, со многу од кои веќе сме долгогодишни партнери, а со текот на времето и пријатели од доверба“, коментира г-дин Тодор Георгиев, извршен директор на Smart Solar.

 

Адреса: Софија 1407, населба „Хладилника“, улица Никола Ј. Вапцаров бр. 35

Телефон: +359 2 962 7151
Е-пошта: skopje@smartsolar.bg 

 

 

Извор на фотографии: canva.com, Смарт Солар

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »