In Albanian In Bulgarian
Содржината на големи честички и загадувачи во водата во некој систем за греење може да создаде сериозни оперативни проблеми - особено во високите згради, бидејќи е многу веројатно тоа да предизвика дефекти на различни системски. Со сличен предизвик се соочува Poplar Housing and Regeneration Community Association (HARCA) - организација која поседува и управува со околу 10.000 социјални станови во Источен Лондон. Сепак решението се наоѓа со помош на системот Wilo-SiClean Comfort, а повеќе за него и неговата интеграција во инсталациите за греење, вентилација и климатизација на зградите за BalkanEngineer.com раскажаа од Wilo.
„Во Poplar, HARCA ја сфатија важноста на чистата вода во системите за греење, бидејќи тоа гарантира ефикасни и сигурни услуги за закупците и станарите на зградите. Присуството на големи честички и загадувачи во водата за греење може да е причина за сериозни оштетувања и дефекти на опремата. Освен тоа, отстранувањето на воздухот и микромеурчињата од системот е гаранција за непроблематична работа“, коментираа од компанијата.
Затоа во една од зградите на организацијата - Carradale House, интегриран е системот Wilo-SiClean Comfort, наменет за одвојување на честичките и автоматско чистење на водата што циркулира во грејната инсталација. Во предметната зграда има четири котли Potterton NXR 3 280 kW, но поради лошиот квалитет на водата и неквалитетно изведените врски за време на монтажата, доаѓа до чести дефекти на механичкиот дихтунг на пумпите. Протекувањето предизвикува постојано додавање на нова чиста вода во системот, што пак од друга страна го разредува инхибиторот, ја намалува неговата ефикасност и предизвикува неприфатливи нивоа на крупни загадувачи во системот. Резултатите по инсталацијата на Wilo-SiClean Comfort брзо покажуваат значително подобрување на квалитетот на циркулационата вода, вклучително намалување на спроводливоста за 12% и намалување на железото во земените примероци на вода со импресивни 75% “, објаснија од компанијата.
Wilo Претставништво Скопје
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4
Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.
Телефон: +389 070 20 5297
E-mail: valerij.vojneski@wilo.com
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Вило Бугарија, Wilo, ©Engineer.BG via Canva