Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Систем за автоматизација на Schneider Electric и GR3N ја стимулира кружната економија во хемиската индустрија

13 october 2024

In Bulgarian In Albanian

 

Со мисија да биде сигурен дигитален партнер за одржливост и ефикасност, Schneider Electric започна стратешко партнерство со водечката компанија за хемиско рециклирање на полиетилен терефталат (PET) GR3N во создавањето на првиот отворен систем за автоматизација на високо развиената индустрија за рециклирање на пластики. „Револуционерниот софтверски дефиниран систем за автоматизација го решава проблемот со отпадот од РЕТ кој тешко се рециклира и овозможува оперативна флексибилност за размерување од концептуална идеја до ниво на индустриско производство“, соопштија за BalkanEngineer.com од Schneider Electric.

 

 

Според податоци, околу 50% од пластичниот отпад во светот завршува на депониите, а само 9% од него се рециклира. Поради оваа причина, GR3N разработи решение за дополнителна полимеризација на РЕТ материјали со помош на микробранови. „MADE е иновативна разработка која помага за разградување на пластиката што тешко се рециклира до нејзините елементи на хемиска градба. Ова овозможува тие повторно да се комбинираат за создавањето на нови РЕТ производи, како пакувања и текстил, со квалитет сличен на оној на примарниот материјал, ефективно затворувајќи го целиот циклус на преработка“, објаснија од компанијата.

 

Официјалното претставување на MADE и можностите на отворената технологијата за автоматизација на Schneider Electric – EcoStruxure Automation Expert, се одржа во март 2024 година во демонстративната база на GR3N во Италија. Специјализираната фабрика MADE ги развива сите патентирани технологии за рециклирање што ќе бидат имплементирани во првиот индустриски капацитет што е планиран за инсталирање во Шпанија со очекуван годишен капацитет за обработка на повеќе од 40.000 тони РЕТ отпад

 

Благодарение на модулниот агностички карактер на EcoStruxure Automation Expert, GR3N може да ја прилагоди оптималната технологија за демо инсталација од големи димензии и лесно да ја применува на нови објекти.

 

 

Адреса: Бугарија, Софија 1715, Бизнис Парк Софија, населба Младост 4, зграда 7Б, 4 кат
Телефон: +359 2 932 9320

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фотографии: Schneider Electric, Шнајдер Електрик Бугарија, ©Engineer BG via Canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

  • 13 december 2024Решенијата за автоматизација на згради на AББ обезбедуваат енергетско ефикасна иднина за петвековна зграда во Шкотска

    Позната некогаш како дом на монаси и кралски дворјани, како и на должници во бегство од властите, опатија Странд (Abbey Strand) во Единбург, Шкотска, чува сакрално историско и архитектонско наследство. Денес таа е веќе модернизирана со целосен проект за модернизација кој вклучува најсовремени системи за автоматизација на згради и енергетски менаџмент на АББ. До денес, историската зграда е трансформирана во комплекс со девет луксузни апартмани со првокласна послужување, што е модел за одржлива реконструкција и подобрена енергетска ефикасност на зградите.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »