Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Самовшмукувачката пумпа Saer AS со интегриран бензински мотор решава голем број предизвици поврзани со одводнување

21 december 2023

In Bulgarian  In Albanian  In Serbian

 

Покрај високото ниво на сигурност и продуктивност, одредени намени на опрема за пумпање исто така ја стават мобилноста како услов. Такви, на пример, се земјоделството, некои процеси во индустријата, како и итната дренажа. Во овој поглед, добро етаблираниот италијански производител Saer ја претставува центрифугалната пумпа за самовшмукување AS, опремена со вграден бензински мотор. Кои се нејзините предности, сподели инж. Александар Георгиев, регионален трговски претставник на Saer Elletropompe за Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Косово, Грција и Кипар.

 

 

„Saer AS се карактеризира со робусна конструкција со отворено работно коло што и овозможува да работи со цврсти материи. Пумпниот агрегат е исклучително компактен и лесен за пренесување, а благодарение на вградениот бензински мотор, неговата примена при наводнување, во индустриски и градежни активности, итно одводнување, дренажа на канали и резервоари и други итни задачи е оптимално решение“ објасни инж. Георгиев. Моделот располага со интегриран обратен вентил за вшмукување за обезбедување на полнење, метален резервоар за гориво со голем волумен како и со можност за двојно полнење и одвод на масло. Високиот степен на сигурност е гарантиран од издржливите материјали на телото на пумпата.

 

Бензинскиот мотор е Kohler, четиритактен, со еден цилиндар OHV мотор од високоиздржливата серија SH, кој е со воздушно ладење. Еве уште од неговите карактеристики:

 

-Моќност: 4,8 kW;

-Работен волумен: 196 cm3;

-Од: 54 mm;

-Капацитет на маслото: 0,6 l;

-Капацитет на горивото: 3,3 l;

-Подмачкување со прскање.

 

 

Пумпата Saer AS се нуди во два модели - AS97 и AS 98:

 

Модел:                                                     AS97                                      AS98

Проток, m3/h:                                            6 – 38                                     6 – 48

Висината на водениот столб, m :            29 – 4                                     26 – 12

Макс. големина на цврсти честички, mm 30:                                          40

Температура на водата, °C:                       -15/+70                                   -15/+70

Максимална висина на вшмукување, m:    8                                             8

 

Материјали што се користат во пумпата Saer AS:

-Работно коло: Леано железо EN-GJL-250;

-Куќиште: Леано железо EN-GJL-250;

-Механички дихтунг: VQ1PFF;

-Еластомери: NBR гума;

-Повратен вентил: Поцинкуван челик со гума.

 

„Всушност, пумпата се нуди и во варијанта со електромотор. А на барање може да се испорача со удобна рамка за носење“, додаде уште инж. Георгиев.

 

Инж. Александър Георгиев - Area Sales Manager
Телефон:
 +359 87 673 4516 (Viber, WhatsApp)
Е-пошта: aleksandar.georgiev@saer.it

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Saer, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »