Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

РС Електро: Системот PHG 80 на Baur со технологија truesinus® сигурно тестира кабли и кабелска изолацијата во мрежи со среднонап

26 november 2024

In Bulgarian In Serbian  In Albanian

 

Портфолиото на компанијата Baur опфаќа целосна палета на опрема за тестирање и дијагностика за среднонапонски кабли (MV) што ги покрива сите главни потреби на мрежните оператори. Нејзините сеопфатни системи за тестирање и дијагностика овозможуваат целосно автоматизирано тестирање со ултра ниска фреквенција (ULF), мерење на коефициент на диелектрични загуби (tan delta) и мошне прецизни мерења на парцијално празнење. Дополнително, интелигентните функции на софтверот Baur 4 овозможуваат стартирање на повеќе програми истовремено, заштедувајќи значително време и трошоци.

Системот за дијагностика на кабли и обвивки на кабли PHG 80 на Baur е наменет за тестирање на енергетски кабли во MV мрежи до 50 kV. Уредите генерираат три типа на напон: нискофреквентен синусоидален напон со технологија truesinus®, нискофреквентен правоаголен напон и DC напон. Апаратите се лесни и удобни за користење благодарение на едноставноста на корисничкото мени. „Дигиталната технологија со нискофреквентен синусоидален напон на Baur's truesinus® овозможува сигурно пронаоѓање на настанати дефекти и обезбедува споредливост на резултатите од мерењето преку генерирање на напон независен од оптоварувањето со дигитален систем на управување“, коментираа за BalkanEngineer.com од фирма РС Електро.

 

За разлика од другите форми на генериран напон, со технологијата за среднонапонски кабли truesinus® на Baur, напонот е прецизен, симетричен и константен. Должината на кабелот не влијае на напонот за тестирање, бидејќи среднонапонските кабли се тестираат според стандардите со најнежниот метод.

 

За тестирање на DC напон, на пример на кабли со изолација од импрегнирана хартија, генераторот PHG 80 СНЧ ВН обезбедува стабилизиран DC напон со позитивен и негативен поларитет до 80 kV. „Преносливиот дијагностички систем PHG 80 portable ги исполнува највисоките барања во однос на безбедност, јачина, удобност при работа и автоматизација“, додадоа уште од РС Електро.

Адреса: Бугарска, Софија, ул. Кутловица 41

Телефон: +359 88 922 0253      
E-mail: rs.electro.bg@gmail.com
 

 

Извор на фотографии: РС Електро, Baur, ©Engineer BG via Canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »