Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

РС Електро: „Портфолиото на Baur ви обезбедува решенија за сигурно лоцирање на кабелски дефекти и кабелска дијагностика“

21 february 2023

In Bulgarian  In Albanian  In Serbian

 

Слично е како посетата на лекар: деталните и точни прегледи помагаат да се дијагностицира некое заболување уште пред да настане сериозна криза. Истото важи и за системите за напојување со електрична енергија. Дијагностиката на каблите овозможува да се одредат слабите места во нив дури и пред да станат причина за прекин на напојувањето со електрична енергија, како и помага за значително зголемување на нивниот животен век. „Благодарение на високотехнолошките мерни инструменти и софтверски алатки за тестирање и дијагностика, компанијата Baur нуди различни решенија за спречување на дефекти на мрежата и опремата, со што ги прави инвестициите во кабелската мрежа попредвидливи и порентабилни“, соопштија од фирма РС Електро., партнер на Baur за Бугарија.

 

 

Семејната компанија Baur, која ја започна својата активност пред повеќе од 75 години, денес е еден од лидерите во областа на опремата за тестирање и мерење. Меѓу нејзините долгогодишни клиенти се повеќето светски оператори на електродистрибутивни мрежи. Портфолиото на Baur е систематизирано во четири главни групи, а имено: лоцирање на кабелски дефект, тестирање и дијагностика на кабли, мобилни лаборатории и тестирање на изолациони масла.

 

Сигурно лоцирање на кабелски дефекти

 

Потрошувачите бараат непречено снабдување со електрична енергија, без оглед на моменталното преструктуирање на енергетскиот систем. Одлучувачки фактор за сигурност во напојувањето е ефикасната електрична мрежа со најмал број на прекини. Оштетувањето на ставените подземни кабли е причина не само за делумни или целосни прекини на напојувањето, туку доколку не се лоцира брзо и точно, може да доведе до високи трошоци за поправка и обновување на мрежата. Само брзото и прецизно лоцирање на кабелскиот дефект ќе ги намали овие трошоци и ќе го минимизира времето на прекин.

 

„Висококвалитетната опрема за лоцирање на кабелски дефекти на Baur е глобален репер за прецизност и сигурност со децении. Со повеќе од 75 години искуство во лоцирање на кабелски дефекти, компанијата нуди решенија ориентирани кон корисникот за да одговори и ги исполни сите барања и буџет. Палетата на производи за лоцирање на кабелски дефекти го покрива целиот поврзан процес на оптимален начин и му овозможува на корисникот брзо и прецизно да го лоцира местото на дефектот. Модуларните системи и уреди се способни да одговорат на сите индивидуални потреби - универзалност што е докажана во праксата“, објаснија од РС Електро.

 

 

Портфолиото на компанијата вклучува системи за прецизно лоцирање, системи за идентификација на кабли, системи за следење со аудио фреквенција, уреди за тестирање на кабелската обвивката и лоцирање на дефекти, преносни рефлектометри, кабелски локатори, аудио фреквентни предаватели, генератори на ударен напон, трансформатори на прегорување и многу други.

 

Тестирање и дијагностика на кабли за рентабилно одржување

 

Тестирањето на кабелот и неговата изолација овозможува прецизно да се одреди дали кабелскиот систем е безбеден и способен за работа во моментот на спроведување на испитувањето.

 

Кабелската дијагностика ги обединува целите за максимално зголемување на времето на работа на мрежата и минимизирање на трошоците за поправка и одржување. Со помош на дијагностичките системи на Baur, одржувањето може да се изврши врз основа на фактичката состојба на мрежата, што ја зголемува ја нејзината рентабилност. „Прецизната анализа на состојбата на каблите овозможува да се вршат скапи поправки и одржување само таму каде што е навистина потребно. Превентивните мерки или неоправданата замена на долги кабелски траси веќе остануваат во минатото.“,  коментираа од RS Electro.

 

Мобилни електротехнички лаборатории и системи за брзо и прецизно лоцирање на кабелски дефекти и дијагностика

 

Сложеноста на кабелските мрежи води до широк опсег на задачи што специјалистите за електропреносни мрежи мора да ги решаваат. Често, кога се планираат оперативни активности, сè уште не е јасно каква опрема ќе биде потребна на терен. Овде на помош доаѓаат системите Baur. Благодарение на приспособувањето на целата опрема според индивидуалните потреби на клиентот, како и управувањето со сите уреди со помош на обединетиот интелигентен софтвер BAUR 4, операторите се максимално подготвени за работа во теренски услови.

 

„Мобилната електротехничка лабораторија станува незаменлива алатка за секој специјалист, обезбедувајќи му оптимална опрема за секоја ситуација. Baur нуди четири типа на системски решенија за монофазни и трифазни кабли: мобилните електрични лаборатории titron® и transcable, серијата мини-лаборатории Syscompact и специјални системи за лоцирање на дефекти во долги кабли“, информираа од РС Електро.

 

 

Тестирање на изолациони масла

 

Изолационите материјали се од витално значење за електроенергетските системи. Поради загадување и стареење, овие материјали ги губат своите изолациски и ладилни својства. Последиците од ова се дефекти на системите, прекини на напојувањето со струја и поврзаните со тоа високи трошоци.

 

Тестирањето на изолационите материјали е пропишано со законски прописи и е регулирано со национални и меѓународни стандарди. Инструментите на Baur за испитување на изолациони масла и материјали се со меѓународно признат квалитет.

 

„Како резултат на акумулираното искуство и знаење, Baur создаде разновидна палета на производи од лесни за употреба, сигурни и рентабилни уреди, користејќи модерни технологии со висока ефикасност и земајќи ги предвид одредбите на не помалку сложените норми и стандарди“, додадоа уште од РС Електро.

 

Адреса: 1505 Софија, ул. Кутловица бр. 41

Телефон: 087 691 5990
Е-пошта: rs.electro.bg@gmail.com

 Извор на фотографии: РС Електро, Baur

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »