Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Роботот M-710iC/50 на FANUC придонесува за брзото и квалитетно пакување на преливи за салати во швајцарска компанија

31 august 2024

In Bulgarian In Albanian

 

Компанијата Brunos, водечки специјалист за преливи за салати во шишиња, тешко го одржуваше темпото на својата автоматизирана производствена линија кога готовиот производ требаше да се пакува и товари на палети. Достигнувајќи ја границата на своите технолошки можности, од компанијата беа свесни дека автоматизирањето на процесот ќе даде одговор на овој проблем, но само доколку се најде соодветен брз и компактен робот. За таа цел, Brunos го контактираше Robotec Solutions, искусен системски интегратор на роботизирани решенија за автоматизација. За решавање на проблемот, од Robotec го препорачаа индустрискиот робот со шест оски M-710iC/50 на својот долгогодишен партнер FANUC, при што проектирале иновативна шема за палетизирање базирана на претходно групирање на шишињата и нивната делумна ротација.

 

 

„Со својот голем радиус на дејство и способност да пренесува тешки товари, индустрискиот робот M-710iC/50 на FANUC овозможува оптимална обработка согласно шемата за палетирање. Работејќи секогаш со полна брзина, роботот го скратува времето на циклусот во специфичната намена на Brunos, гарантирајќи континуитет на производствената линија и зголемен број на обработени нарачки“, објаснија за BalkanEngineer.com од FANUC.

 

Brunos верува во експертното искуство на Robotec Solutions, локален провајдер и интегратор на роботизирана автоматизација со повеќе од 800 успешни проекти во различни индустриски сектори. За сигурна реализација на проекти на клиентите, Robotec ги користи висококвалитетните индустриски роботи и коботи на FANUC.

 

Производствената линија во Brunos ги полни шишињата поединечно и потоа ги собира во групи од 6, 10 и 12 шишиња. Овие групи потоа се пакуваат во термо -смалувачка фолија. „Моравме однапред да ги групираме шишињата и да направиме делумна ротација за да го создадеме саканиот модел на палетизирање. После секој слој, роботот поставува дополнителен меѓуслој врз шишињата“, раскажуваат од Brunos.

 

 

Централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД

Телефон: +359 2 492 9369

E-mail: service.bg@fanuc.eu

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фотографии: ФАНУК Бугарија, FANUC

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »