In Bulgarian In Albanian
Семејната компанија Green Services која се наоѓа на околу 5 километри северо-западно од град Винтертур во Швајцарија, се раководи од основачот и управен директор Ернст Бранденбергер и неговиот син Марко. Фирматаа произведува ролни трева од тресет за домашни градини, игралишта, паркови, терени за голф и спортски терени, а освен тоа има земјоделски бизнис вклучувајќи млечни производи и земјоделство. Компанијата барала решение со што да им ја олесни напорната физичка работа на своите вработени вклучени во палетизирањето на тревата собрана од полето. Сепак, автоматизирањето на таква задача е предизвик не само поради големата тежина на ролните од трева, туку и поради нетрајните својства на овој природен производ.
„Од Green Services се обратија за помош до системскиот интегратор TwinAutomation, кој поседува големо експертско искуство во машиноградбата и автоматизацијата на процесите. Специјалистите од неговиот тим го посочиле индустрискиот робот со 6 оски FANUC M-20iD/35 како решение за олеснување на палетизирањето на ролните од трева. При монтирање на робот M-20iD/35 на FANUC во задниот дел од комбајнот, решението сместува интегрирани безбедносни опции, кои го вклучуваат и софтверот FANUC DCS за двојна проверка на безбедноста“, раскажаа за BalkanEngineer.com од ФАНУК Бугарија, која ги нуди сите производи и решенија на FANUC, како и го изведува нивното сервисирање на територијата на Бугарија, Грција, Северна Македонија, Албанија и Кипар.
„Бербата отсекогаш била многу тежок процес, при што секоја ролна тежи околу 15 килограми“, објаснува Ернст Бранденбергер, основач и управен директор на Green Services. „Во согласност со нашиот стремеж за постојано усовршување, почнавме да бараме автоматизирано решение кое да ја олесни исклучително тешката физичка задача за палетизирање на тревата“, додаде тој.
„Од самиот почеток, овој проект неизмерно не заинтригира бидејќи беше нешто сосема друго“, вели Михаел Штудер, управен директор на TwinAutomation. Слично на многу производители на машинска опрема и системски интегратори, TwinAutomation обично се фокусира на индустриски примени каде што прецизното инженерство, стандардните оперативни процедури и усогласеноста со индустриските регулативи се норма. Но, како природен производ, тревата е нешто сосема различно. „На пример, содржината на влага се менува секој ден, што значи дека карактеристиките на тревата постојано варираат“, објаснува Михаел Штудер. Таа е причината на однесувањето на ролните при тркалање да е различно, како и нивната тежина и цврстина. Освен тоа, вибрациите од моторот на комбајнот имаат негативно влијание врз палетизирањето.
Централна канцеларија
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: +359 2 492 9369
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: ФАНУК Бугарија, FANUC