Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Решенија на Wilo за пречистување и обесолување на вода за пиење и за наводнување ревитализираат жешки зони во Сенегал

31 march 2023

 

In Bulgarian

 

Продолжените геополитички конфликти, хуманитарните кризи и драстичните климатски промени се важни прашања за целиот свет, но во Африка тие имаат критични димензии. Како меѓународниот концерн Wilo Group - водечки производител на пумпи, пумпни системи за греење, климатизација, водоснабдување, отпадна вода и вода за пиење - се справува со овие предизвици во жешките зони на Сенегал, раскажаа за читателите од Вило Бугарија. Изведениот проект е заеднички помеѓу Wilo Group, Wilo Foundation и Africa GreenTec во рамките на визијата за партнерство со локални организации, како и категоричната тенденција во развојот на компанијата да понуди комплетни високотехнолошки решенија, а не едноставно поединечни производи. Пример за комбинација од пречистителна станица и систем за обесолување на водата во дополнување на опрема за сондирање, електрификација и други е проект кој доведе до низа позитивни ефекти за локалното население во така наречениот Impact Sites  од регионите во близина на Сахара и Сенегал.

 

 

„Со технолошките решенија за филтрирање и прочистување на водата, Wilo му обезбеди на населението во целните подрачја како вода за пиење, така и можност за наводнување на своите посеви“, објаснија од Вило Бугарија.

 

Оливер Хермес, претседател и извршен директор на Wilo Group, ги опиша рамките на проектот на следниов начин: „Поради значителната зависност од увозот на пченица, исхраната на населението во Африка е под сериозна закана. Хуманитарната криза се влошува секој ден. Поради оваа причина, важно беше да се изгради сигурна инфраструктура за водоснабдување. Wilo веќе 20 години има историја на африканскиот континент“. „И покрај огромниот потенцијал на континентот и позитивните финансиски прогнози, помалку од 3% од германските компании се активни таму. Силен стимул за исчекор во оваа насока е соработката со локални партнери. Wilo работи заедно со Africa GreenTec во Сенегал, при што нудиме комплексни системски решенија со кои цели заедници во аграрните области добиваат електрична енергија, вода и пристап до одржливи нови технологии“, додаде тој.

 

 

„Првично ги електрифициравме областите во близина на Сахара. Ние ја користиме електричната енергија, вклучително и од ОИЕ, за ладење, пумпање и прочистување на водата за пиење. Во Сенегал водата има висока содржина на сол, а освен тоа се потребни и исклучително длабоки бунари“, објаснија тие.

 

„Во овој проект беше применета опрема на Wilo за прочистување и обесолување на вода за пиење. Со овие ресурси не само што придонесовме за решавање на хуманитарната криза, туку и ги поттикнавме локалната економија, занаетчиството и претприемништвото. Во неколку фарми во N’Diob функционираат пумпи на соларно напојување“, ја продолжија својата приказна од Вило Бугарија.

 

 

„Со овој проект, Wilo Group уште еднаш ја нагласува својата посветеност и својот корпоративен придонес кон меѓународните цели за глобален одржлив развој“, додадоа од Вило Бугарија.

 

Wilo Претставништво Скопје

Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4

Телефон: +359 2 312 2058

E-mail: info@wilo.com.mk

 

Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.

Телефон: +389 070 20 5297

E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

Извор на фотографии: Вило Бугарија (Wilo), canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »